СДСМ со фалсификат сака насилно да го преземе ССМ (ФОТО)

Денешниот протест пред зградата на ССМ на кој беа собрани едвај околу триесетина партиско обоени лица од опзициската СДСМ,  уште еднаш покажа дека нелегитимниот в.д. претседател на ССМ Дарко Димовски и претседателите на четирите грански синдикати кои се исклучени од ССМ немаат поддршка од членството, туку станува збор за организиран собир од врвот на „Бихаќка“.

Веќе е повеќе од очигледно дека откако не им успеа „фалсификатот“ одобрен од поранешната техничка министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, сега партиските војници сакаат на сила да го преземат ССМ.
Но, според фотографијата, СДСМ на денешниот протест доживеа вистинско фијаско.

15978729_10210834730771564_1374253573_n-1

Обидот за насилен упад во ССМ беше спречен благодарение на функционирањето на правниот систем. Дефинитивно е утврдено дека решението на техничката министерка Ременска било фалсификувано, дека не се спроведувани процедурите и дека не е направена постапка, а 13 од 17 грански синдикати јасно укажаа дека не учествувале нивни претставници, ниту, пак, била направена постапка. Решението е поништено од страна на Министерството за труд и социјална политика и никогаш во Централниот регистар не било избришано името на легитимниот претседател на ССМ Живко Митревски, рече Митревски на денешната прес-конференција во ССМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.