СДСМ фингира студентски протести

Изминатите денови се одржал состанок помеѓу висок партиски функционер на СДСМ со претставници на СДММ, подмладокот во нивната партија, велат информациите до кои дојде Курир.

Според нивните информации, целта на овој состанок била да се организира подмладокот на СДММ да излезе на протест во име на студентите и да биде главен организатор на истиот. Обврска на младите социјалдемократи била да го мобилизираат членството и да направат списоци во секоја општинска организација во Скопје, кои луѓе  би се појавиле на протестот. Протестот или “марш” како што го нарекувале самите, треба да се одржи во понеделник.

Изворите откриваат дека раководството на СДСМ било видно разочарано од подмладокот, бидејќи имале пропусти во обидот да фингираат протести на студентите претходните неколку пати. Тогаш во јавноста се раширија фотографии од раководството на СДММ како протестираат и се во улога на студенти. На сликите беа уловени првиот човек на социјалдемократската младина, Стефан Богоев, братот на редовниот поддржувач на опозицијата Ивор Мицковски, Кирил Мицковски и Гордан Шутаров, секретар на ЛК СДММ Карпош.

Јасна била пораката на раководните лица од СДСМ, да не се појавуваат истакнати функционери од СДММ и главната задача да ја имаат оние членови кои не се познати во јавноста како силни поддржувачи на социјалдемократите. Исто така, на состанокот се разговарало и поголемата тежина од организацијата на протестот да се префрли преку МОФ, невладина организација која се декларира како студентска и е финансирана од СОРОС, а има блиски релации со СДСМ и е нивна продолжена рака.

СДСМ многу често ја применува навиката да организира наводни протести, притоа обидувајќи се со ваквите фингирани собири да се скрие зад невладини организации, здруженија и асоцијации, а на јавноста такви случаеви и се познати преку АМАН, лажните стечајци, лажните земјоделци, како и неуспешниот “Удар” кој вчера повторно доживеа дебакл.

Задачата на ваквите здруженија е да креираат тензија во јавноста, незадоволство и хаос во државата, но ваквите нивни обиди речиси секогаш се разобличени во јавноста.