СДСМ ги прекинуваат договорите додека не се комплетирал тимот на Јанева

Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат се додека не се испочитува и спроведе Законот за Специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, соопштија денеска од опозициската СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Советот на јавни обвинители имал обврска да му овозможи на Специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници согласно законските овластувања.

Бараме итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница за кршењето на Законот за Специјалното јавно обвинителство и утврдување на рокови за исполнување на законските обврски.

Укажуваме дека во интерес на иднината и перспективата на Република Македонија е да и се овозможи на специјаланата јавна обвинителка да работи самостојно и независно согласно законските овластувања, се вели во соопштението на СДСМ.