СДСМ ги злоупотребува институциите за политичка пресметка со неистомислениците

ВМРО-ДПМНЕ реагира на вчерашното приведување на лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски со констатација дека Македонија е единствената држава во Европа каде се приведуваат и притвораат пратеници, а лидери на парламентарни партии се предмет на нарачан државен политички прогон.

СДСМ ги злоупотребува институциите за политичка пресметка со неистомислениците, во обид јавноста да биде исплашена и да не бара одговорност за секојдневните скандали. Државата се урнисува и на економски и на политички план. Сведоци сме на невиден грабеж и злоупотреба на државните ресурси кои се покриваат со нарачани конструирани случаи, велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ,  Зоран Заев во Македонија паралелно со финансискиот спроведува и идентитетски геноцид врз македонскиот народ со цел да го оттргне вниманието од општиот грабеж кој СДСМ го спроведува во Македонија. Заев ги распродаде националните и државните интереси со цел да ја дефокусира јавноста и да можат тој и неговите сопартијци непречено да се богатат на грбот на граѓаните.

Промената на името, јазикот, идентитетот и откажувањето од македонското малцинство од соседството нема да го отворат нашиот пат кон ЕУ и НАТО. На нашиот пат кон ЕУ и НАТО се наоѓа само една голема пречка, а тоа е Заев и неговата тајфа на Илинденска бб., криминален картел сместен во Владата на Република Македонија чија единствена цел беше пристапот до државниот буџет. Блокадата на патот кон ЕУ и НАТО ќе биде остранета кога Заев и неговата дружина ќе заминат во буништата на политичката историја, а тој ден ќе биде денот кога граѓаните на Македонија ќе победат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.