СДСМ го демантира Заев – Закон за „бомбите“ ќе се гласа до 20-ти октомври

СДСМ го демантира Заев, законот за „бомбите“ ќе се гласа до 20-ти октомври. СДСМ сепак призна дека прифатила Закон за бомбите да се донесе во Собрание, иако претходно, лидерот на партијата Зоран Заев и  портпаролот Петре Шилегов го тврдеа спротивното.

Имено, вчера пратеничките групи на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа Предлог закон за престанување на објавувањето на аудио снимките од прислушуваните разговори до Собранието на Република Македонија. Иако Заев и Шилегов го тврдеа спротивното, извори од преговорите за Нетпрес тврдат дека, сепак, опозициската СДСМ го прифатила решението Законот да се донесе во нова процедура, но најдоцна до 20 –ти Октомври.

Ако се земе во предвид дека токму ова прашање било главниот проблем каде што „запнале“ синоќешните преговори станува јасно дека со оваа одлука решена е една од двете „жешки теми“ што преговарачките групи ги имаа пред себе и истовремено намалена е можноста СДСМ да го блокира Изборниот законик барајќи начин како да ги одложи изборите.

Имено, по оваа одлука изборите во април стануваат се поизвесни. СДСМ има се помалку начини како да избега од граѓаните и од нивниот суд.

Амбасада на САД: Законско решение за „бомбите“ до 20-ти октомври

Претходно, Амбасадата на Соединетите американски држави упати соопштение до јавноста во кое што се наведува дека во текот на синоќешните разговори партиите се договориле прашањето за предложеното инкриминирање на објавување на нелегално стекнати информации да го покренат во работната група, да разгледаат такво можно законско решение во пакет со законско решение за заштита на таканаречените свиркачи и овие прашања да ги решат пред 20 октомври.

Амбасада на САД: Законско решение за „бомбите“ до 20-ти октомври
Амбасада на САД: Законско решение за „бомбите“ до 20-ти октомври

Во соопштението од амбасадата се наведува дека работната група за спроведување на договорот од Пржино синоќа постигнала напредок за прашањата поврзани со изборите и се договорија повторно да ги продолжат разговорите денеска.

Партиите исто така, се договорија прашањето за предложеното инкриминирање на објавување на нелегално стекнати информации да го покренат во работната група, да разгледаат такво можно законско решение во пакет со законско решение за заштита на таканаречените свиркачи и овие прашања да ги решат пред 20-ти октомври. Овие закони отвoраат сериозни прашања во врска со слободата на изразувањето, правото на граѓаните на приватност и доброто владеење, кои што треба да бидат адресирани во согласност со меѓународните обврски на Македонија, наведуваат од амбасадата.

Исто така, евроамбасадорот Аиво Орав денеска пред Клубот на пратеници изјави дека во работните групи било договорено двата закони, за свиркачите и за необјавување на „бомбите“, да се вратат на доработка.