СДСМ го користи МВР за цензура на социјалните мрежи

Профили на социјалните мрежи, критички настроени кон новата влада се блокирани. Корисници на Твитер се жалат дека им се затворени профилите бидејќи ја критикувале работата социјалдемократите, а тоа не води кон слободно општество, туку кон класична цензура.

Тие се сомневаат дека затворањето на нивните профили не е случајно. Коментираат дека се сомневаат дека блокадата доаѓа по пријава од македонското Министерство за внатрешни работи.

Само во време на техничкиот министер Оливер Спасовски, пред доаѓањето на власт на новата Влада во јуни годинава, МВР побарало од Фејсбук проверки и гасење на 68 профили.
За споредба, во 10 години  ВМРО проверило 59 профили.

    

Само во вториот технички мандат на Спасовски, МВР побарало проверка и затворање на 36 Фејсбук профили. Во истиот период Русија и Малезија заедно имаат вкупно 26 барања. Албанија и Бугарија, на пример, имаат по 14 барања за проверка и гасење на ФБ профили во втора половина на 2016. Додека Македонија има 36 такви барања.

Германија, Италија и Британија имаат илјадници вакви проверки, но тоа е разбирливо поради терористичките напади и мигранти кои објавуваа видеа од ИСИС.

Овие податоци можат да се проверат на тука.

Не сме банирани случајно. Ова е по налог на Оливер Спасовски, по пријава од МВР – коментираат корисниците на Твитер.

Еден од твитерџиите ги запраша Заев и Спасовски по чија наредба банирале профили.

Алоооо, што прајте бе? Вака ќе тераме Демократија и Слобода на говор? – запрашуваат корисниците на Твитер.

Според нив, има доволно причини за да се сомневаат дека сето ова е „масло“ на МВР и Оливер Спасовски.