Македонија,Политика

СДСМ го критикуваат Законот за стечајци, а токму тие на улица оставија 200.000 граѓани

СДСМ го критикуваат Законот за стечајци, а токму тие на улица оставија 200.000 граѓани

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Влатко Поповски.

„Партијата која што остави на улица 200 илјади граѓани, која што затвори 684 фабрики и која што ги создаде стечајците, денес без нималку срам го критикува Законот за стечајци, преку кој се помага на оваа категорија на граѓани“, стои во нивната реакција.

Според владејачката партија ова однесување на СДСМ е непринципиелно, неразумно и доволно говори за тоа во каква зачауреност и заблуда тие живеат.

Но, потенцираат од таму,  покрај противењето и лошите зборови кои СДСМ ги кажува за овој Закон, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи напорно да работи за подобрување на условите за живот, како и залечување на раните кои криминалната приватизација спроведена од СДСМ им ги нанесе на овие луѓе.