СДСМ го потцени народот, тоа ќе ги урне како кула од карти

Веќе три недели по ред одиме низ Македонија на вакви настани, а тимови веќе шест недели одат од куќа на куќа, од стан во стан, пренесувајќи ги нашите идеи, проекти, нови мерки, нови конкретни чекори кои ги превземаме за да помогнеме на луѓето, за да создадеме нешто ново, за да отвориме ново работно место, да изградиме нов пат, водовод, училиште, да помогнеме на пензионерите, земјоделците, студентите, вработените, невработените, истакна на денешниот голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, премиерот Никола Груевски.

-Но, и да одговориме на сите оние гнасни лаги и манипулации кои ги шират против нас, кои ги конструираа мислејќи дека ќе го прелажат македонскиот народ, дека ќе не претстават и направат нешто што не сме, како народот да не не’ познава…..дека ќе не престават за нечовечни, за криминогени, или за насилници, да не оцрнат преку смислено сценарио и подли манипулции, ….тоа е она потценување кое им е врежано во кодот, и мислат дека ако изиграат вака валкани сценарија дека народот ќе им поверува и дека ќе заборави зошто гласал за нас и кои сме ние, кое е нашето дело, учинок, начин на живот и работа, која е нашата цел и мисија, рече Груевски.

Тој рече дека опозицијата  го потценила македонскиот народ и граѓаните на Македонија, токму тоа е најголемото промашување во нивното сценарио кое ќе им се врати како бумеранг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.