СДСМ гради граѓанско општество со џелатите на Албанците

ДУИ и Алијансата на Албанците треба да им објаснат на Албанците со кого се тие во коалиција и какви кадри поставува Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Време е Албанците конечно да ја погледнат вистината во очи и да си расчистат со своите стереотипи, пишува порталот Журнал.

Неодамна СДСМ во јавноста соопшти дека се оформени совети составени од професори, судии, уметници, кои ќе работат како советодавни тела во Владата и министерствата. Веднаш потоа беа соопштени и имињата на членовите кои се вклучени во советот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, помеѓу најзвучните имиња во советот се наоѓаат: Ѓунер Исмаил кој е и претседател на советот, Мирослав ГрчевПетар Арсовски и Владимир Милчин.

ismail640n

Ѓунер Исмаил, сега претседател на Советот на Алаѓозовски, лустриран од страна на Комисијата за верификација на факти како соработникна тајната полиција на Југославија за периодот додека работел како професор по марксизам и смоуправување во Трговскиот училишен центар во Скопје, а негови жртви биле учениците на кои им бил класен раководител.

Во документите, според кои беше лустриран Ѓунер Исмаил, може да се забележи дека неговите жртви биле осудени заради пеење песни во 1981/82 година. И покрај тоа што Ѓунер Исмаил не разбирал албански, како што е запишано во неговата изјава која ја дал пред службеникот на СДБ, тој заклучил дека децата во Трговскиот училишен центар пееле националистички и иредентистички албански песни и истите биле иследувани по линија на албански национализам и иредентизам – линија АНИ.

Што било „опасно“ според Ѓунер Исмаил?

Учениците на возраст од 16, 17 и 18 години биле кодошени од страна на Ѓунер Исмаил заради тропање со дајре и пеење песни, заради подвлекување на зборот „Албанија“ во коцкичка во нивните училишни тетратки и заради испишување на зборот „Албанија“ со здебелени букви исто така во нивните училишни тетратки. Според зборовите на Ѓунер „овие настани биле озбилна појава“, и соодветно на ова тој решил да ги искодоши своите ученици. Истите деца одлежале затвор во траење од две години и од неколку месеци, добиле забрана за школување и биле следени од полицијата се до 1989 година. Првите жртви на Ѓунер Исмаил биле 4 негови ученици: Шаќир Ибадет, Иљаз Љута, Хаскал Незахат и Рамазан Шаќири, сите на 16 и 17 годишна возраст.

Во продолжение изјавата на Ѓунер Исмаил дадена на Управата за државна безбедност (УДБа) – подоцна преименувана во Служба за државна безбедност (СДБ)

СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА

ИЗВОРИсмаил Ѓунер, професор по Марксизам и Самоуправување во Трговскиот училишен сентар во Скопје

– Разговорите се обавени на 18 и 19.02.1982 година во просториите на Трговскиот училишен центар во Скопје

– Сознанијата се примени во усмена и писмена форма

dvaaa

ДОБИЕНИ СОЗНАНИЈА: На 19.02.1982 година во разговор професорот Исмаил Ѓунер, класен раководител, изнесе: На 15 овој месец бев повикан од сменоводителот заради неред во мојот клас, на место беше следната состојба: учениците Ибадете Шакир пееше и удираше на дајре, а во (кругот) на орото беа Иљаз ЉутаХаскај Незахат и други ученици а ги имаше околу десетина, чим не видоа нас во моментот трчајќи секој отиде на своето место. Напоменувам дека освен овие во училницата имаше и други ученици кои ја следеа нивната игра.

За ова им беше скренато вниманието да не го рушат редот во училиштето.

Во други прилики т.е. скоро секој ден не само во lll17, туку и во lll16 и други паралелки на ll и lll одделенија се пеат песни на албански јазики тоа пред почнувањето на часови, за време на големиот одмор или кога се губи некој час било професорот отсаствува или во друга прилика.

Исто така сум забележал дека во ll и lll клас за време на предавањата наместо да ја следат наставата пронајдено е дека некои ученици на хартија имаат испишано стихови – песни на 2-3 строфи или во тетратка се напишани збирни песни. Но поради тоа што јас не разбирам албански како одговор е дадено дека се обични песни нивни или за збирните песни се од нивни другари.

Исто така за одбележување е тоа дека во методската единица по марксизам и смоуправување: „Разни патишта во изградбата на социјализмот“ во одделот за „Државен социјализам“ за кое се предава на посебен час, при набројувањето на земјите кои се наоѓаат на оваа фаза на социјалистичката изградба се приметува следното: ги набројувам земјите СССР, Бугарија, Унгарија, Кина и Албанија. Од проверката на нивните тетратки се забележува дека пишувале Албанија, подвлекувале во квадрат или драстично дебело пишување на зборот Албанија. Појасно ќе се види во мојата ИЗЈАВА, кои се причините за тоа барем засега не ми е познато. Мое размислување е дека тоа е посебен акцент и даваат на Албанија како земја која едино оди по таа фаза и сл.

Моја забелешка е тоа дека масовното пеење на албански песни во ll и lll клас, а конкретно во lll17 уз пратња на албански народни инструменти, ја ценам како озбилна појава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.