СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да мислат на Македонија додека затвораа медиуми

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ панично бараат изговори за ситуацијата во којашто ја донесоа Македонија за време на нивното 8-годишно владеење, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на пратеникот Илија Димовски.

Од опозицијата додаваат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да мислат на Република Македонија додека затвораа медиуми, иструментализираа судство, окупираа институции, спроведуваа криминални избори и од достојна земја кандидатка за Европската унија, рамо до рамо со Хрватска, ја спуштија Македонија на опашката на регионот, после најмладата држава Косово.

„На системските слабости во Македонија, години наназад укажуваат еврокомесарот за проширување, Штефан Филе и други високи претставници на Европската комисија. За тоа одговорноста е само на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека ако премиерот и владејачката партија ги тргнат рацете од институциите, медиумите и судството и дозволат услови за фер избори ќе си отидат од политичката сцена засекогаш.