СДСМ и ДУИ со иста стратегија за изборите: Најдени гласачки ливчиња од Гостивар во Врапчиште

Седум гласачки ливчиња од Гостивар се најдени во општина Врапчиште. СДСМ и ДУИ заедно ја спроведоа истата стратегија и го реализираа најголемиот изборен фалсифкат.

Имено на избирачкото место 455/1 во општина Врапчиште е најдено гласачко ливче за листата на Советот од општина Гостивар.

Индициите се дека се работи за најгруб можен начин за фалсификат на изборите. На овој начин се реализира познатиот “бугарски воз”, за кој медиумите веќе на големо пишуваат за многу вакви случаеви низ целата држава.

Очигледно се работи за најголемиот изборен фалсификат во историјата на изборите на Република Македонија, по оној од парламентарните избори 0д 1994 година коишто исто така ги организраше власта на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.