СДСМ и Марин ги манипулираат граѓаните

Градоначалникот Златко Марин и советничката група на СДСМ манипулираат со граѓаните на скопската општина Аеродром. СДСМ веќе шест месеци откако се на власт не сторија ништо за заштита на животната средина во општина Аеродром, а најавуваното од Марин е само евтин популизам и голема лага, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Аеродром.

„Додека СДС и Марин сеат ветер и магла, загадувањето на воздухот во Скопје и Аеродром е на рекордно ниво, за што владата повеќе од 6 месеци со прст не мрднува да го реши или намали. СДС и Марин ги манипулираат граѓаните. Средствата кои општина Аеродром под водство на Марин ги одвојува за заштита на животната средина не се ни одблизу колку што ВМРО-ДПМНЕ има одвоено во изминатиов период додека ја раководеше општината. Имено ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период во општина Аеродром има преземено бројни мерки за заштита на животната средина, при што има направено повеќе од 10 паркови со околу 150.000 м2 зелени површини и над 50.000 дрвни садници“, се вели во соопштението

Во него се додава и дека дополнително во времето на ВМРО-ДПМНЕ изградени се и над 50 километри канализациона мрежа во руралниот дел од општината, со што во историјата беа испратени септичките јами, кои се јавуваат како најголем загадувач на почвата, проект кој во финансиска смисла е 100 пати повеќе од тоа што планира сегашното раководство на општината на чело со Марин. Ова на дело го покажува евтиното душегрижништво на СДС, кои им е побитно да продаваат евтин популизам наместо да сработат нешто реално за граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.