СДСМ и неговите мегафони сами се фатија во лага со смешните измислици

Тврдењата на дел од опозицициските портали, но и на челните луѓе на најголемата опозициска партија дека на денешниот протест биле присутни над 100.000 луѓе не може да се сфати поинаку освен како смешен и очаен обид да се затскрие фијаското кое и се случи на опозицијата денеска, пишува „Курир“.

Според сите реални проценки, не само на македонските и регионалните медиуми туку и на светски реномирани агенции како што е Франс прес, на протестот во Скопје излегоа околу 20.000 граѓани. Сите се согласни дека денешниот протест на опозицијата беше далеку послаб од таканаречениот „Марш за демократија“ кој се одржа во 2010 година, а кој го организираше Бранко Црвенковски.

Истите оние кои тогаш пишуваа дека на маршот организиран од Црвенковски излегле 50.000 граѓани, самите се свесни дека денешниот протест беше далеку послаб, но и покрај тоа, шират лаги манипулирајќи со смешна бројка од 100.000 лица, која во никој случај не може да биде реална и е благо речено налудничава.

maks

Опозициските медиуми предводени од А1 тогаш јавуваа дека на протестот организиран од Црвенковски на улица излегле 50.000 луѓе, а од внатрешноста пристигнале 600 автобуси. Самите фотографии од тој марш, покажуваат дека истиот е со далеку повеќе присутни луѓе од фијаското кое денес го доживеаа СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска, кои иако се силеа неколку месеци, не успеаа да обезбедат поголема поддршка.

iljadi

Српски „Телеграф“ денеска пишуваше дека дури и оние кои денес излегоа на улица за да го поддржат Заев изразија незадоволство, бидејќи неговиот претходник Бранко Црвенковски организирал многу поголеми собири и протести, како на пример оној во 2010. Реалната бројка на тој протест изнесуваше околу 25.000 граѓани, а следните фотографии го докажуваат тоа.

dekemvri

dekemvri-1

dekemvri-2

dekemvri-3

Доколку се споредат снимките од митингот на СДСМ во 2010 и овој протест на Заев очигледно е дека тогаш под водство на Црвенковски СДСМ обезбеди поголемо присуство. Дополнително, на овој протест како резултат на додворувањето на СДСМ кон Албанците има и значително присуство на Албанци, што во 2010 година не беше случај, но и со Албанците на протестот сега повторно бројката е помала од онаа на СДСМ во 2010 година.

За постетување, по тој најголем митинг на СДСМ во 2010 година, социјалдемократите повторно доживеа пораз на изборите во 2011 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.