Македонија

СДСМ и неговите мегафони со јалови и очајни обиди за спас

СДСМ и неговите мегафони со јалови и очајни обиди за спас

Порталите кои важат за блиски до опозицијата во јалов и смешен обид за одбрана на претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев  наместо да кажат нешто за суштината на делото, почнаа да објавуваат текстови со кои што се обидуваат да го преформулираат значењето на една сосема јасна реченица упатена од страна на премиерот.

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска најави дека ќе одговори на сите прашања во судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ја повика јавноста да го следи случајот и да ги гледа доказите, да ги препознае шпекулациите, а во врска со поднесените кривични пријави за „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ за четири осомничени лица, од кои еден е претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот и да ги гледате доказите, да ги препознаете шпекулациите . Од денес, ќе слушате секакви шпекулации, но вистината за се ќе излезе на виделина, рече Груевски.

Порталите кои важат за блиски до опозицијата во јалов и смешен обид за одбрана на претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев  наместо да кажат нешто за суштината на делото, почнаа да објавуваат текстови со кои што се обидуваат да го преформулираат значењето на оваа сосема јасна реченица упатена од страна на премиерот.

Така, според порталот Либертас, тоа што премиерот најавил јавна и транспарентна постапка значело дека тој признал дека го контролира судот.

„ По ова, се поставува прашањето како е можно претседателот на Владата, односно првиот човек на извршната власт да знае што ќе се случува и како ќе тече одреден процес во, според Уставот, независната судска власт во која тој не би требало да има никакво влијание, увид или контрола?! Дали со оваа реченица Груевски всушност призна дека го контролира судството, како што постојано е обвинуван?!“ , пишува Либертас.

Јавноста веќе се навикна на вакви текстови и коментари во дел од медиумите, за кои веќе е јасно дека се блиски на опозициската СДСМ. Нормално од нив не се очекува да бидат реални и професионални и работат точно како што се очекува од нив. Нивното работење сосема е во согласност со опозициската СДСМ која во недостиг на идеи, програма и визија се обидува со закани и уцени да дојде на власт.

Тука несмееме да заборавиме дека лидерот на СДСМ и самиот признал дека за да се снабди со нелегално и противзаконски, противуставно стекнат материјал, делумно монтиран, со цел да оствари некоја своја цел, соработувал со странски разузнавачки служби.