СДСМ и Шиповиќ го елиминираат Жерновски

Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на општина Центар од СДСМ на својот профил на Twitter објави дел од финансискиот извештај на општината за 2016 година, од кој е забележливо дека градоначалникот на оваа скопска општина Андреј Жеровски, од коалицискиот партнер Либералнодемократската партија (ЛДП) се честел и следење фудбалски натпревар во Париз, на сметка на граѓаните на Центар.

„Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту, пак, поднел извештај за службеното патување“, пишува Шиповиќ.

20840625_10211242457915400_6333591504698715129_n

Додава дека секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука од Управен одбор (во нивниот случај Советот на Општина) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

„А лани нели имаше некој фудбал во Франција?“, прашува Шиповиќ.

Интересно е што ваквата објава на Шиповиќ доаѓа во периодот на подготовка на партиите за претстојните локални избори закажани за 15 октомври. Според извори од владејачката партија, Андреј Жерновски веќе имал неколку средби со челниците на СДСМ на коишто дури и ултимативно барал поддршка за повторна кандидатура или да биде номиниран како кандидат на коалицијата за кандидат за градоначланик на главниот град.

Меѓутоа, според истите партиски извори, ниту поширокото партиско членство во Скопје е расположено да даде поддршка на Жерновски за каква и да е кандидаура. Од друга страна, пак, веќе подолг период неофицијално се зборува дека кандидат за градоначалник на општината Центар од СДСМ ќе биде Саша Богдановиќ, актуелен прв човек на јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар (ПОЦ). Во борбата за градски татко на Скопја, пак, како кандидат на социјалдемократите досега најчесто е споменувано името на пратеникот Петре Шилегов.

zernovski sipovik

Мирослав Шиповиќ во април годинава ја повлече оставката од функцијата претседател на Советот на општината Центар, како што тогаш изјави по разговорите со советничката група на СДСМ и бидејќи сметал оти во иднина ќе се надминат недоразбирањата.

Инаку тогаш Шиповиќ истакнa дека имал „отежната соработка“ со Жерновски, откако подолг период претходно јавно ја критикуваше неговата работата.

„Се замолуваат граѓаните на општина Центар во следните недели да не го тражат градоначалникот за да не му прават трошоци во роаминг… Јавно го прашувам градоначалникот по кој член и од кој закон ја стопиравме изградбата на улицата на Кеј? Тој викенд во Истанбул беше кога ги спремавме документите“, беа некои од изјавите на Шиповиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.