СДСМ и СОРОС ги организираат протестите на студентите

Луѓе од опозицијата и од СОРОС активно се вклучени во ширењето на дезинформациите до студентите и нивно манипулирање околу државниот испит. Ова може да се забележи од фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, а на кои може да се забележат лица кои во јавноста важат за силни поддржувачи на опозицијата и блиски до Соросовата фондација, како и млади функционери на најголемата опозициска партија, пишува Курир.

Претседателскиот кандидат и поранешен министер на СДСМ, Љубомир Фрчкоски може да се забележи на протестот на студентите. Дека луѓе од опозицијата и полугата на СОРОС се вклучени во манипулацијата на студентите околу државниот испит покажуваат и фотографиите од протестите на кои може да се забележат млади активисти од СДСМ.

boris

Меѓу нив е и Бојан Илиоски, кој може да се забележи во првите редови на студентките протести. Токму Илиевски може да се забележи на низа протести на СДСМ за време на таканречениот “отпор против режимот“, како и на фотографии со Бранко Црвенковски, коментирајќи дека тој е “сенката на претседателот“. Покрај Илиоски, на коментарите кои кружат на социјалните мрежи, може да се видат и други млади активисти на СДСМ.

boris-1

boris-2

vojce

vojce-1

vojce-2

ivana

ivana-1

irena

dime

Димитар Кошиновски, член на Извршниот одбор на градската организација на СДСМ исто така може да се забележи во првите редови на студентските протести. Кошиновски во јавноста беше актуелен по тоа што јавно се залагаше за легализација на марихуаната. За таа намена, тој имаше креирано страна на ФБ преку која собираше поддржувачи за неговата идеја.

dimitar

dimitar-1

Додека државата подготвува државен испит за кој се вели дека концептот е за зголемување на квалитетот во високото образование, опозицијата дезинформира со таканаречено екстерно тестирање.

Единтвената цел на испитот кој е детално образложен е дека студентите ќе го полагаат истиот за да се стави крај на незаслужените високи оцени и да се зголеми квалитетот на високото образование.  Разликата меѓу екстерно тестирање и државен испит е огромна. Екстерното е за проверка на професорите, а државниот испит е за обезбедување на минимум знаење на студентите. За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка. Исто така, не е вистина дека ако студентот не го положи државниот испит, ќе изгуби година, оцена или услов, туку државниот испит може да го полага неограничен број на пати, се додека не го положи.