СДСМ и СОРОС ставија рака и врз студентите

Комуникациските центри на СДСМ, високи функционери, активисти на опозицијата, луѓе кои во јавноста важат за нејзини отворени поддржувачи, поранешни советници отворено ги повикуваат студентите и ги иницираат нивните протести. Сè појасно станува дека СДСМ и СОРОС ставија рака и врз студентите. Иако во својата изјава заменик-министерот за образование Спиро Ристовски најави дека допрва ќе се утврдуваат предлог-решенијата за државен испит, а не екстерно тестирање, и сугерираше студентите да не се доведуваат во заблуда, СДСМ и СОРОС продолжуваат сега уште поинтензивно да ги поттикнуваат студентите на протести.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски најави дека владата идната недела ќе ги разгледа првичните предлог-законски решенија за воспоставување систем на државен испит во високото образование, за потоа преку Министерството за образование да има јавна расправа. 
Тој одговарајќи на новинарското прашање како ги коментира студентските протести изјави дека во тој поглед има чудна ситуација и постојат уверувања дека студентите се злоупотребени.

– Навистина е чудна ситуацијата поврзана со протестите. Кога пред две недели постоеше недоразбирање и на еден начин беа злоупотребени и недоволно информирани дел од студентите по однос на вистинската причина за протестот се шпекулираше дека се најавува екстерно тестирање во високото образование што апсолутно не е точно. По објаснувањето од наша страна и од сите институции дека не станува збор за екстерно тестирање, туку за предлог решенија со кои нудиме воведување државен испит и дека законските решенија се уште не се финални и ќе одат на јавна расправа, сега повторно се доведуваме во една чудна ситуација кога некој се обидува да ги злоупотреби студентите со нови изјави. Сега не се протестира против екстерното, туку се протестира против се и сешто што се споменува како можна реформа во високото образование, изјави Ристовски и сугерира да се внимава да не се доведуваат студентите во ситуација некој да ги внесува во заблуда и да замешува политика.

Сè појасно станува дека СДСМ и СОРОС ставија рака и врз студентите и ги иницираат и поттикнуваат нивните протести.

Порталот Курир пишува дека иако опозицијата и СОРОС се обидуваат да доминираат и да наметнат протести, сепак доживуваат фијаско и не наоѓаат поддршка кај младите. Таков беше случајот со неодамнешниот протест во Штип, кога од 20.000 студенти, само шеесеттина излегоа на протест.

sdmm1-500

Во Македонија според податоците има 60.000 студенти и 85.000 средношколци. Еден протест се смета за успешен ако на него излезат најмалку половина од овој број, односно 30.000 студенти и 40-тина илјади средношколци, кои на улиците би резултирале со бројка од 70.000 луѓе.

Во повикот за протест, комуникациските центри на СДСМ, високи функционери, активисти на опозицијата, луѓе кои во јавноста важат за нејзини отворени поддржувачи, поранешни советници, се вклучија во повикот. Тука е и младината на СДСМ, која на социјалните мрежи повикува на протести, потврдуваат овие фотографии.

sdmm500

Дописот на т.н. организација Студентски пленум која преку соопштение ги повикаа граѓаните, студентите, професорите, членови на политички парти да им се придружат на вториот студентски марш  против, како што велат, необмислените реформи во високото образование, на социјалните мрежи е објавен од повеќе комуникациски центри на СДСМ.

slikaaa1

slikaaa2

Покрај центрите за комуникација на СДСМ, во повикот за Студентскиот протест активно се вклучени и високи фунционери на опозицијата, експерти блиски до фондацијата СОРОС и други нејзини инструменти. Професорката Билјана Ванковска најавува учество на протестот и агитира помеѓу студентите да излезат на протести.

-ЈАС ВИКАМ ГЛАСНО (затоа и големи букви)! Чекаме Студентски Пленум да определи датум, за да сега обединети и во уште поголем број прошетаме по улиците и застанеме пред МОН, пишува Ванковска.

plenum1-630x277_thumb_medium500_220

Мирјана Најчевска, професор на филозофски факултет, уште еден од мегафоните на СОРОС исто така најавува учество на протестот и агитира студентите да излезат.  Кон повикот да се излезе на протести се приклучува и  Софија Куновска, поранешен советник во Град Скопје од СДСМ.  Новинарката Ленче Николовска,член на СДСМ и пратеник исто така го споделува дописот на Студентскиот пленум и повикот за марш.

Еден од организаторите на студентскиот протест на 10-ти декември е Давид Данаилов, член на централниот одбор на СДММ, братучед на Јон Фрчковски внук на Љубомир Фрчковски, објавија дел од порталите.

Исто така, активна учесничка во организација на најавениот протест е и Ангела Новаковска, инаку истакнат член на СДММ.

Сите овие инфомации уште повеќе докажуваат дека неформалната студентска организација „Студентски пленум“, која повторно најавува протести на студентите на 10-ти декември против најавениот државен испит кој треба да го зголеми квалитетот во високотo образование не постои, односно протестите се поттикнати од високи фунционери на СДММ, кои пак се директно координирани од високи фунционери на опозицијата предводена од СДСМ.