СДСМ и СОРОС упорно манипулираат дека ќе има екстерно

Најголемата опозициска партија и структурите на Соросовата фондација во земјава продолжуваат со манипулации и дезинформации поврзани околу државниот испит за студентите, лажно претставувајќи го како екстерно тестирање, пишува Курир.

СДСМ и СОРОС заедно со своите полуги, намерно продолжуваат да внесуваат забуна кај студентите, отворајќи дилема дека ќе се полагало екстерно наместо државен испит.

Во текот на вчерашниот ден, продолжи спамирањето од страна на медиумите на СОРОС, спорејќи околу тоа дали е екстерно полагање или државен испит, во услови кога децидно беше ставено на знаење дека не станува збор за никакво екстерно тестирање.

Разликата меѓу екстерно тестирање и државен испит е огромна. Екстерното е за проверка на професорите, а државниот испит е за обезбедување на минимум знаење на студентите. За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка. Кај екстерното учениците се оценуваат, а резултатите се знаат по извесен период. Кај државниот испит е доволно да се положи испитот, а резултатите се веднаш познати.

Тоа што опозициската партија и структурите на СОРОС упорно се држат околу ширењето на дезинформации околу наводно екстерно полагање покажува дека имаат намера на тој начин да внесуваат нервоза кај студентите и преку лажни информации да ги манипулираат и повикуваат на протести.

Младинскиот образовен форум ја има главната улога во протестите. Мрежата на МОФ е координирана и финансирана со големи износи од СОРОС, воедно организација чии луѓе го сочинуваа и Студентскиот пленум, кој беше профилиран како неформална иницијатива која застана зад организирањето на студентските протести.

За тоа каква е поврзаноста меѓу МОФ и СОРОС доволно говори податокот што близу еден милион евра донации од СОРОС земала оваа организација во период од четири години.

МОФ продолжува да тврди дека ќе има екстерно. Пишува дека и покрај масовните протести на студентите против екстерното испитување на државните факултети кои се одржале деновиве, повеќе од  очигледно било дека власта не сакала да ја разбере пораката и суштината.

Таков е случајот и со Слободан Унковски, кој исто така тврди дека ќе имало екстерно.

unkovski

Кон ваквите дезинформации се приклучуваат и низа медиуми како Радио Слободна Европа, БРИФ, Либертас, Нова тв и останатите опозициски портали финансирани од СОРОС.

-Студентите сакаат дијалог за да аргументираат зошто не треба екстерно тестирање, пишува Радио Слободна Европа.

rse

Сето ова покажува дека продолжуват обидите на поедини структури за манипулирање на студентите  преку создавање лажна слика за состојбата и претставувајќи проект кој е непостоечки. Единствената цел на испитот кој е детално образложен е дека студентите ќе го полагаат истиот за да се стави крај на незаслужените високи оцени и да се зголеми квалитетот на високото образование.  За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка. Државниот испит ќе може да се полага неограничен број на пати, се додека студентот не го положи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.