СДСМ и Соросовите медиуми фатени во двојна лага

СДСМ и медиумите на СОРОС фатени во лага. Иако Плусинфо пренесе изјава дека средбата во кафеаната во скопско Ѓорче Петров се одржала минатата година, фактите говорат друго. Ако СДСМ лаже, Facebook секогаш ја говори вистината.

Дел од присутните на вчерашната средба се пофалиле на Facebook објавувајќи серија фотографии на своите профили со функционерите на СДСМ.

Откако утрово Press24 ги објави фотографиите, од СДСМ стигна експресна наредба тие да бидат избришани од социјалните мрежи. Веднаш потоа следеше обид на медиумите на СОРОС по кој знае кој пат да ги изманипуираат граѓаните но нашите читатели се погрижија вистината да излезе на виделина.

На принтскриновите кои ни ги испратија нашите читатели јасно може да се види дека фотографиите, кои сега веќе се избришани, биле постирани ноќеска. Facebook го зачувува времето кога таа е објавена и може да се забележи дека принтскринот е направен во 23:45, а фотографијата е објавена еден час порано.

Под една од нив, присутните во скопската кафеана Ст. Мартин во Ѓорче Петров дури и ги канат своите пријатели да дојдат на забавата.

Очигледната лага на Заев, Рилковски и медиумите на СОРОС покажува дека СДСМ е фатен на дело и дека се обидува нешто да скрие.

Друг интересен детал е фактот што кафулето каде што е фотографиран Заев со претседателот на ДИК е во сопственост на двајцата браќа Даниел и Дејан Трајковски.

И двајцата и се добро познати на полицијата бидејќи заедно во своето полициско досие имаат 21 кривична пријава. Дејан Трајковски е и осудуван на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци. Меѓу делата кои им се ставале на товар се напад на службено лице, криумчарење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, напад со орудие опасно по живот при тепачка, учество во толпа, фалсификување на исправа, употреба на лажни податоци, давање на лажен исказ и загрозување на општа безбедност.

Заклучокот е јасен. На лагата кратки и се нозете, но очигледно и паметот.

Во продолжение погледнете ги фотографиите кои СДСМ денеска нареди да бидат експресно избришани.

11030850_533078630166711_66358752_o111

11046754_832220106850056_2783051034451736536_oa

1103085053307863016671166358752o (1)

screenshot2015-03-09-22-00-551

 

Повеќе фотографии можете да видите тука