Македонија

СДСМ има лош договор и затоа има незадоволство и конфликти во опозицијата

СДСМ има лош договор и затоа има незадоволство и конфликти во опозицијата

Незадовoлството, внатрепартиски препукувања и конфликти во најголемата опозициска партија се резултат на лошиот договор на СДСМ постигнат пред неколку дена, според кој, предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 24-ти април следната година, согласни се аналитичарите.

Договорот од Пржино според експертите предизвика раскараност во опозицските редови, а кај социјалдемократите залутаност и различни толкувања на документот. Во јавноста излегуваат се повеќе детали од состанокот на партискиот врв на СДСМ на кој голем дел од членовите биле незадоволни од договорот на кој потпис стави и Заев, пишува Курир.

Според неофицијалните информации, причината за нивната разочараност биле преголемите ветување од лидерот, наспроти она што го добија. Падна и првата оставка, потпретседателот Ванчи Узунов го напушти Заев, а се најавуваат уште оставки.

Се почести се и негативните коментари за договорот кои доаѓаат од луѓе блиски до СДСМ. И покрај еуфоријата која сакаат да ја создадат првите луѓе на партијата, сепак не престануваат коментарите од лица кои во јавноста важат за опозициски поддржувачи. Колумнистот Ивор Мицковски прашува каде се сега тврдокорните аналитичари кои беа против ваков договор, алудирајќи на Бранко Героски, Љубомир Фрчкоски и Владимир Милчин.

ivor

-Абе кај се овие тврдокорниве аналитичари кои беа против ваков договор да се посипат со пепел, или барем нека објаснат како одеднаш договорот им стана одличен и историски. Што плачете по ребалансот, што не влеговте во Собрание од средата па да го блокирате, напиша Мицковски.

Дека еуфоријата која сака да ја наметне Заев е неоправдана смета и новинарот Васко Ефтов.

-Во вторникот Заев прогласи голема победа во преговорите со Груевски, а во средата Потпретседателот Ванчо Узунов си поднесе оставка на партиската функција, напиша Ефтов.

vasko

Гледајќи ги рејтинзите на партиите и убедливата предност повеќе од двојна на ВМРО-ДПМНЕ во споредба со СДСМ, Ефтов индиректно упатува на тоа дека договорот од Пржино ќе значи крај на кариреата на Заев.

– Ако ги убеди да има избори во април тогас политицката судбина на еден од тие лидери ке биде запечатена !!!, напиша Ефтов.

Разорачувањето во опозицискиот блок од постигнатиот договор е повеќе од евидентно. Ивор Мицковски веднаш по постигнувањето на договорот излезе со став  дека станува збор за договор на врзани раце за опозицијата која се враќа во Собрание и нема право на бомби.

ivor1

-Договор на „врзаните раце“ за опозиција која се враќа во Собрание, нема право на бомби, со врзани потписи кои значат институционална блокада, и три месеци со премиер сурогат на Груевски, напиша Мицковски.

Разочарување од постигнатиот договор има и кај Стојанче Ангелов кој иронично напиша:

stojance

Подобро било каков отколку никаков! Договор! Или не?