Македонија

СДСМ има поданички однос кон странските интереси

СДСМ има поданички однос кон странските интереси

Наместо да ги штити националните и државните интереси на Република Македонија, СДСМ се однесува поданички кон странските служби, вели Тони Науновски во гостувањето во емисијата Миленко Неделковски Шоу, пишува Курир.

-Ова однесување на актуелниот лидер на СДСМ не е изненадување затоа што тој во континиутет имаше редица политички дејствија и политички изјави кои што укажуваа на тоа дека неговиот начин на разбирање на политиката и неговиот начин на политичка активност е сосема несоодветен. Веројатно се сеќавате на изјавата за виткањето на рбетот, во смисол дека Грција е помоќна и побогата, и поради тоа ние мораме да го свиткаме грбот и да го промениме името и идентитетот. Потоа неговите изјави за јадење на живи луѓе, односно жестокиот политички реваншизам кога тој ќе биде премиер, односно кога СДСМ ќе дојде на власт. Имаше и уште неколку вакви случаи и мене навистина ме чуди како СДСМ може да има, во политичка смисла несериозен човек за лидер, вели Тони Науновски.

-Тоа негово однесување во последниот случај беше кулминација на еден долготраен, погубен и спротивен на највисоките национални и дражвни интереси на македонскиот народ и држава, поданички однос кон странските „авторитети“. Тие за нив се алфа и омега, тие за нив се парадигма која го определува нивното политичко однесување. Тие постојано одат кај странските амбасадори, даваат извештаи преку соросоидите нивните инсталации во невладиниот сектор, во медиумите. И не само тоа, тие се фалат со било која нивна средба со странските амбасадори и го кажуваат тоа како голем политички успех, вели Науновски.

Тој потенцираше СДСМ наместо да ги артикулира државните и националните интереси на Република Македонија тие се обидуваат да дојдат на власт со  поданичко однесување кон странските служби и создавање на политички хаос.

-Тие сакаат да дојдат на власт со создавање политички хаос, предизвикување на улични немири, по што ќе се создаде техничка влада која би организирала условно речено фер избори. Со други зборови тие сакаат да направат нешто слично како во 2001.година, вели Тони Науновски.