Македонија

СДСМ исклучен од Социјалистичката интернационала

СДСМ исклучен од Социјалистичката интернационала
Министрите на СДСМ поднесоа оставки

СДСМ го изгуби членството во Социјалистичката интернационала. Најголемата групација на левичарски партии во светот, непосредно по почетокот на аферата „Пуч“, одлучила да ја исклучи партијата на Зоран Заев поради неплатена чланарина.

Извор од Интернационалата за Сител неофицијално брифира дека покрај долгот за чланарина кој го имаат и други членки, чашата ја прелела актуелната политичка ситуација во Македонија, каде според него, СДСМ со вониституционалното делување ги крши основните социјалдемократски постулати.

Тој додава дека доколку Заев и СДСМ продолжат со дрското однесување при преговорите за надминување на политичката криза, сигурно им следува уште поголема изолација од сестринските партии.

“Раковотството на СДСМ денес отиде конгресот на Партијата на Европските Социјалисте во Будимпешта, таму ќе им се даде до знаење дека мора да престанат со ваквото однесување, во спротивно ќе го изгубат статусот на набљудувач и во оваа организација“, вели изворот за Сител.

Партијата експресно е избришана и од листата на членки која се наоѓа на сајтот на Социјалистичката интернационала. Таму може да се забележат сите светски и европски партии од левиот центар меѓу кои и Британските Лабуристи, Францускуте Социјалисти на претседателот Франсоа Оланд и Германските Социјалдемократи, но не и СДСМ на Зоран Заев.

Од соседните земји во интернационалата членуваат СДП на хрватскиот премиер Милановиќ, Бугарската Социјалистичка Партија, Грчкиот ПАСОК, Српските ДС и СДС и Албанските Социјалистичка Партија на примиерот Еди Рама. По исклучувањето на СДСМ, Македонија остана без партија член во оваа организација.

На сајтот и твитер профилот на СДСМ се уште стои дека партијата е член на Интернационалата. Од Бихаќка се пофалиле и дека заменичката на Заев, Радмила Шекеринска која своевремено беше потпретседателка на организацијата од која сега се исклучени.

Инаку, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија членуваше во Социјалистичката интернационала уште од своето основање. Во 2013 година за време на Отпорот кој го организираше Бранко Црвенковски, партијата го изгуби статусот на целосна членка и стана членка набљудувач. Денес во екот на најголемата политичката криза во современата историја на Македонија, СДСМ целосно го изгуби местото во семејството на левичарските партии.