петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 29

СДСМ: Иванов да го даде мандатот, ВМРО-ДПМНЕ да биде конструктивна

Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси.

sdsm

Последни вести

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Македонија мора да оди напред и парламентарното мнозинство ги презема сите потребни чекори за тоа.

Реафирмацијата на Програмата на новата Влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи ги разбива сите неразумни аргументи околу мандатот што Ѓорге Иванов е неопходно брзо да го даде.

Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси.

Ќе има нова Влада затоа што е тоа изборна волја на мнозинството граѓани.

Парламентарното мнозинство, како што вети, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата и веќе е договорено да се направат законски измени со коишто ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, поддржано од Иванов веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави 5 месеци без нова Влада, а од вчера и без градоначалници и советници. Вработените во општинските институции поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ и Иванов веќе се во ризик да не примаат плата, а граганите не можат да ги добијат потребните општински услуги.

Граѓаните и домашната и меѓународната јавност очекуваат од Ѓорге Иванов да престане да ги поддржува деструктивните политики на Груевски и соработниците и да постапи според граѓанските и државните интереси.

Повикуваме разумните политичари во ВМРО-ДПМНЕ да се постават конструктивно, партијата да престане со приземните политики на задоволување лични интереси на поединци и конечно да покажат одговорност кон граѓаните и државата.

Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада.

Најчитани вести