понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

СДСМ: Иванов итно да го додели мандатот за состав на влада

Според партијата, Груевски и соработниците свесно создаваат хаос во државата зашто мислат дека преку дестабилизација ќе ги спречат промените и соочувањето со правдата.

102285468

Последни вести

Претседателот Ѓорге Иванов итно да го додели мандатот за состав на нова влада зашто од денеска се доведуваат во прашање и егзистенциите на вработените во општинските администрации, сервисите за граѓаните, услугите,…, соопшти СДСМ.

– Иванов е должен да ги следи граѓанските и државните интереси, а не интересот на Никола Груевски. Ова треба да биде последно предупредување до него итно да дејствува и да го додели мандатот за состав на нова влада. На легитимен начин, согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател, признаен од целата домашна и меѓународна јавност. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска влада, а ќе има и законски измени за утврдување на датумот за локалните избори, наведува СДСМ во денешното соопштение.

Според партијата, Груевски и соработниците свесно создаваат хаос во државата зашто мислат дека преку дестабилизација ќе ги спречат промените и соочувањето со правдата.

– Несериознота на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов ја оставија Македонија пет месеци без влада, а од денеска граѓаните се оставени и без градоначалници и советници. Блокадата на државата, мора итно да запре. Нормализацијата на државата и евро-атлантските перспективи се врвен државен интерес и сите имаат законска обврска да ги овозможат и почитуваат демократските процеси што следат, смета СДСМ.

Најчитани вести