сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 32

Според професорското крило блиско до СДСМ, изборот на Спасовски е грешка

Според професорското крило блиско до СДСМ, изборот на Оливер Спасовски за прв човек на македонското МВР е грешка.

gordan-kalajdziev

Поврзани вести

Според професорското крило блиско до СДСМ, изборот на Оливер Спасовски за прв човек на македонското МВР е грешка.

Професорот Гордан Калајџиев кој важи за близок до СДСМ и претседател на Хелсиншкиот комитет, инсталација финснсирана од СОРОС, во своето последно интервју распали по кадровските решенија и стратегијата на СДСМ, пишува „Курир“.

На прашањето како го коментира работењето на новоизбраниот министер за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски, кој преку телеграма им ги одзема овластувањата на раководните лица во Министерството, Калајџиев нагласува дека според него, изборот на Спасовски е грешка.

Прво, мислев дека СДСМ ќе заврти нов лист и ќе дадат пример, како што ветија, за тоа како треба да биде, а не само да дојдат на власт и да постават свој министер. Тука не ги исполнија ветувањата ниту пак очекувањата на експертската фела и пошироката јавност, особено не на граѓанскиот сектор. Се очекуваше позитивна активност од СДСМ, да се постават работите на здрави основи и во таа смисла, првиот чекор во МВР требаше да биде независен експерт, или нешто подобро од она што го понудија, вели тој за Репортер.

Според Калајџиев, Оливер Спасовски кој нема ниту еден ден искуство во безбедноста е едно од најсериозните промашувања.

Професорот остро ја осуди одлуката на СДСМ да постави висок партиски функционер во МВР, толкувајќи го тоа и како заслабување на партијата односно бегање од одговорноста како генерален секретар пред избори.

Поентата е на место, затоа што поставувањето на министерот е сериозно промашување и лош пример. Надвор од тоа што лично мислам дека и за партијата е исто така несоодветно, главниот од кој се очекува да ја организира партијата за избори на терен, да го напушти местото на сред процес и да се зафати со нешто друго. Промашувањето е поврзано со други внатрешни слабости. Како што изгледа, СДСМ нема на располагање експертски кадри за да се нафатат на одредени функции.

Ванковска: СДСМ уште еднаш ги изневери граѓаните

Претходно непосредно по финализирањето на Договорот од Пржино и соопштувањето на информацијата дека Спасовски ќе застане на чело на МВР реагираше и професорката Билјана Ванковска.

Ванковска која важи за блиска до опозицијата во статус на Фејсбук напиша дека СДСМ ги изневерила граѓаните.

vankovska-1

За некои голем чекор кон победата на демократијата, за некои имплементација на Пржинскиот договор, за мене – мртвородена преодна влада. Се тресеше Македонија, за да се дојде до вакво чудо од влада каква нема никаде на светот. СДСМ уште еднаш ги изневери „граѓаните“ во кои се колнеше: си назначи највисоки партиски функционери за новите места покажувајќи дека најмногу си им верува на своите кадри дури и кога не ги заземаат ресорите за кои се најкомпетентни!, напиша Ванковска.

Очигледно професорското крило на СДСМ смета дека партијата нема доволно квалитетни кадри и со кадровските решенија покажува немање на потенцијал за водење на значајни министерски ресори.

Со ова се потврдува сомневањето на јавноста дека СДСМ го искористи влегувањето во Владата за вдомување на високите партиски функционери кои после само два дена од седнувањето во кабинетите создадоа хаос, како што беше случајот со Спасовски во МВР.

Најчитани вести