сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

„Курир“: СДСМ го изгуби главниот адут во своето сценарио за компромитирање на избирачкиот список

СДСМ го изгуби главниот адут во своето сценарио за компромитирање на избирачкиот список, пишува „Курир“.

sdsm-nokna

Поврзани вести

СДСМ го изгуби главниот адут во своето сценарио за компромитирање на избирачкиот список, пишува „Курир“.

Порталот дознава дека задачата на Чауш всушност била да креира фалсификати од документи на непостоечки гласачи кои СДСМ потоа ќе ги аргументира со овој хаос што го создадоа со списокот.

Како што дознаваме, Чауш требало да направи лажни документи на непостоечки лица. И затоа сега откако Чауш е пробиен тие бегаат, два пати напуштаат седница на ДИК и не сакаат прочистување зашто всушност списокот е добар и во него нема фантомски гласачи. Ова е најдобар доказ дека се е во ред со Избирачкиот список, а постоењето на наводни фантомски гласови е само измислена приказна за да се одолговлекуваат изборите и одложи соочувањето со народот, пишува „Курир“.

Понатаму, според порталот, излегло на виделина дека не се работи за постоење на фантомски гласачи, туку за страв од избори кај најголемата опозициска партија и соочување со народната волја.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата и се согласи да се проверат сите гласови за кои СДСМ тврдеше дека се сомнителни, тие повторно го напуштија ДИК, бидејќи немаа друг аргумент да ги кочат процесите. ВМРО-ДПМНЕ ги извади на чистина со тоа дека им рече колку сакаат нека прочистуваат. Се нашле во небрано и не знаејќи како да излезат од таа ситуација веднаш продолжија со деструкција, напуштаа ДИК се заканувале таму со вриштење и недолично однесување, стои во текстот.

Всушност…

Најчитани вести