четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 2

СДСМ: Измислица е дека Заев бил на гости кај обвинителката Ристоска

Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристоска, реагираат од СДСМ.

sdsm

Последни вести

Од  СДСМ демантираат дека лидерот на партијата, Зоран Заев, синоќа се видел со специјалната обвинителка, Ленче Ристоска, информаија објавена на порталот „Курир“, а преземена на „Нетпрес“ со наслов: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО .

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално нивниот демант:

Медиумите на Никола Груевски со ништо не можат да го покријат неговиот неуспех да формира Влада и неговиот огромен страв од определбата на граѓаните за промени и правда во Македонија.

Измислица на Курир е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристоска.

Бараме од Курир веднаш да ја повлече лажната вест и да се извини, а тоа да го направат и другите медиуми што ја пренесоа лажната вест, во спротивно ќе поднесеме тужби за клевета.

Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристоска, како што се тврди во лажната вест на Курир.

Најчитани вести