СДСМ ја манипулира јавноста за случајот со „Висарис“

СДСМ на последната прес конференција изнесе неточни информации во јавноста. Имено, Марко Петровиќ бил  сопственик на фирмата “ВИСАРИС МКД Дооел“ година дена пред да биде распишан тендерот за набавка на медицинска опрема и како единствен сопственик учествувал на истиот. Во време пред да биде распишан тендерот и додека траела тендерската постапка името на Ивона Талевска или нејзината мајка не фигурирало, ниту како  сопственик ниту како косопственик на оваа фирма.

СДСМ свесно или не, на јавноста и прикажа лажна информација според која фирмата „Висарис“ ја сменила сопственоста на 9 дена откако е распишан јавниот оглас и преминала во сопственост на извесен Марко Петровиќ од Белград, Србија.

dokument1Вистината е дека оваа фирма била во сопственост на Петровиќ цела година. Имено, наместо  на  20.12.2012 , како што невистинито говорат од СДСМ, сопственичката структура се менува на 20.12.2011 година кога Петровиќ станува сопственик на фирмата „Висарис МКД Дооел“, а тендерот се распишува речиси година подоцна односно на 11 декември 2012 година.

 

 

Тоа значи дека исписот на сопственоста не е девет дена по распишувањето на тендерот, туку година дена пред  тоа. Ова го потврдуваат и документите кои беа објавени во јавноста.

Очигледно СДСМ по секоја цена се обидува да напаѓа само за  да се ублажи скандалот во СДСМ кој изби изминатиот период , дека Зоран Заев им доделувал тендери на своите братучеди, на својот татко, стрина, чичко и слично.