недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

СДСМ ја напушта ДИК, резултатите од проверката се најмалку четири ипол пати помалку од тоа што го тврдеа

Деструкцијата на СДСМ и нивната хаотичност добива невидени размери. Последните информации говорат дека СДСМ ја напуштила ДИК бидејќи тие доживеале студен туш откако со аргументи се потврдило дека бројката која треба да се допреверува на лица со право на глас е за неверојатни четири ипол пати помала од таа што ја прокламираа СДСМ во јавност, пишува „Курир“.

Од понеделник теренска проверка на избирачкиот список

Од понеделник теренска проверка на избирачкиот список

Поврзани вести

Деструкцијата на СДСМ и нивната хаотичност добива невидени размери. Последните информации говорат дека СДСМ ја напуштила ДИК бидејќи тие доживеале студен туш откако со аргументи се потврдило дека бројката која треба да се допреверува на лица со право на глас е за неверојатни четири ипол пати помала од таа што ја прокламираа СДСМ во јавност, пишува „Курир“.

Порталот повикувајќи се на сопствени извори пишува дека откако на ниту еден разумен начин не можеле да поентираат во ДИК и откако на сите им станало јасно дека она што членовите на СДСМ во ДИК го прават е небулозно и се судира со здравиот разум, тие пробале да прават трговија со членовите албанци во комисијата.

Непристојниот предлог на СДСМ бил Албанците да гласаат за предлогот на СДСМ иако тој бил целосно неиздржан, а за возрат членовите на СДСМ во ДИК да подржат да нема проверки кај гласачите албанци каде не се поклопуваат податоците, што во основа е дискртиминаторски и незаконски предлог. За упатените ова е јасен доказ за подлоста и некоректноста на игрите на СДСМ, пишува порталот.

dik-1

Нашите информации говорат дека Заев доживеал вистински студен туш откако пресметките покажале дека неговата бројка на наводни фантомски гласачи е нереална и измислена. Тој даде изјава која слободно според експретската јавност се толкува како гаф дека наводно имало петстотини илјади фантоми гласачи во Македонија. Тоа од никој не беше сватено за сериозно, и беше оценето за апсурден обид на СДСМ да внесе забуна и да произведе нова манипулација. Заев свесен дека не му поминува, денес ги повикал на итен состанок членовите на СДСМ од ДИК кои потоа драматично го промениле однесувањето при работата на изборната комисија, пишува „Курир“.

Како што пишува порталот, иако тие на состанокот во ДИК претходната вечер кој траел до 1 часот по полноќ ги прифатиле реалните бројки кој се неколкупати помали од оние кои Заев ги презентираше во јавноста, но на состанокот со Заев на кој била и Шекеринска  тие биле остро прекорени и добиле насока на целосна опструкција. Тоа се покажало денеска при што членовите од СДСМ во ДИК не само што го промениле мислењето, туку и буквално дивееле,  агресивно и хаотично се однесувале, фрлале тефтери, викале по своите колеги, и навредувале.

Нивната цел и целта на Заев е да престави што е можно поголема бројка на таканаречени фантомски гасачи со цел да создаде алиби за престојниот извесен пораз. Втората цел е преку деструкција и внесување на хаос и аграсија по секоја цена да има одложување на изборите. Ваквите чекори на големо ја откриваат манипулацијата на СДСМ и стравот од изборен пораз.

Најчитани вести