СДСМ: Ја осудуваме изјавата на градоначалникот Лата

Ја осудуваме провокативната реторика во изјавата на градоначалникот на општина Дебар Ружди Лата, која не е во духот на заедништвото, интеграцијата и меѓусебното почитување на граѓаните, реагираат од СДСМ.

Отттаму додаваат дека избраните  и именуваните функционери мора да бидат свесни за одговорноста што ја имаат пред Уставот, законите и граѓаните на Република Македонија.

И Лата, како и сите други носители на државни функции мора да работат единствено во интерес на граѓаните и секоја изјава, секој искажан збор и секое направено дело мора да биде исклучиво во интерес на граѓаните, што не е случај со последната изјава на Лата.

Ваквите јавни настапи одат во прилог само на оние кои креираат поделби и работат на поттикнување раздор и нетрпеливост, спротивно на европските вредности и демократските стандарди за коишто се заложуваме, стои во соопштението на СДСМ.