СДСМ: Јавниот долг над 50 проценти

СДСМ соопшти дека според вчера објавените податоци од Извештајот на Министерството за финансии, закучно со крајот на минатата година јавниот долг на државата се уште изнесува над 50 проценти, иако од власта тврделе дека е намален.

 – Тоа значи дека министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, во изборната кампања ги лажел граѓаните дека јавниот долг е намален за 1,4 проценти. Долгот е се уште на критичното ниво над 50 проценти, како што предупредија и меѓународните финансиски институции, кога изразија загриженост за темпото на задолжувања на државава, се вели во соопштението од СДСМ.

Според СДСМ, итно е потребна нова влада според мнозинската волја на граѓаните којашто ќе води реални одговорни политики и којашто посветено ќе работи на стабилизирање на нивото на јавниот долг.  Наведуваат дека во Планот за живот на СДСМ е предвидено дека јавниот долг ќе мора да се објавува целосно и редовно без исклучоци и политички калкулации, како и дека криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.