ВИДЕО: СДСМ како раштиман оркестар за средбата во Брисел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска заедно се сретнаа со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, но по изјавите што ги даваат во деновиве се чини како да присуствувале на два различни состаноци.

Додека Заев во интервју за Нова ТВ изјавува дека тој и неговата партија значително се вклучуваат во изнаоѓање решение за спорот за името со тоа што побарале од Фуле активно да се вклучи во преговорите и да разговара со грчката страна, неговата заменичка категорично демантира дека на било каков начин СДСМ се меша во преговорите за името.

„На наша инциијатива и барања за нивно директно и уште позначително вклучување во решавање на проблемот што нашата земја го има со Грција а тоа е проблемот со името. И разговаравме на начини на кои што би можело пополека да се отвори дијалог кој што сега постои формално, а не суштински…. до крајот на работниот дел од оваа седмица филе ќе патува за Атина и ќе има разговори таму“, вели Заев во интервјуто дадено веднаш по завршување на средбата со Филе во Брисел.

Но, Шекеринска вчера тврдеше дека нејзината партија не се вмешува во преговорите за името, бидејќи тие немале никакви информации за процесот и оттаму не е можно тие да даваат некакви предлози.

„Ние можеме ниту треба да лицитираме со некакви предлози. За жал во Македонија единствени луѓе кои што знаат што се преговара се само оние кои работат на Илинденска, тоа е премиерот и луѓето кои работат околу него… Апсолутно е неточно дека влеговме во било кој детаљ од преговарачкиот процес ниту тоа го очекува Европската Комисија, ниту ние тоа можеме да го направиме“, вели Шекеринска во изјавата за Алсат М и 24Вести.


RADMILA SEKERINSKA 09 01 2014 by 24vesti

Зошто Заев и Шекеринска би давале вакви спротивставени изјави не е познато, а ситуацијата дополнително ја компликува и прес центарот на СДСМ кој се обиде да ја корегира изјавата на Заев преку писмено соопштение во кое се вели дека за спорот за името не било за разговарано, туку само било побарано поактивно вклучување на Европската Комисија во деблокирање на евроинтеграциските процеси на земјава.

Весникот „Дневник“ во обид да ги разјасни работи праша која од изјавите за нив е релевантна, односно која изјава е точна на лидерот Заев или на партискиот прес-центар.

Одговор од СДСМ е дека меѓу двете изјави не постои разлика за потоа во продолжение да се наведе одговорот во кој зборовите на Заев „проблемот за името поврзан со Грција“ да се преточат во оние од прес-центарот „барање за поголемо вклучување на ЕK кое во суштина значи поголем ангажман на ЕУ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес, вклучително и во поглед на добрососедските односи“.

„Не постојат разлики помеѓу изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и писмената реакција на СДСМ. Kлучните теми за кои е разговарано на средбата со еврокомесарот Филе се јасно посочени во изјавата на претседателот Заев: внатрешни реформи, политички дијалог за консензус за изборниот законик со имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, слобода на медиумите и барањето за поголемо вклучување на ЕK кое во суштина значи поголем ангажман на ЕУ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес, вклучително и во поглед на добрососедските односи“, наведуваат од прес центарот на СДСМ.

Дека биле во право оти е „вистинска“ изјавата од прес-центарот, а не онаа на лидерот Заев во која тој вели дека дал и неколку идеи за спорот со Грција, доказ било тоа што и во соопштението од ЕK за средбата во идентичен контекст се споменати темите на ургентни реформи во земјата во веќе познатите области.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.