СДСМ води кампања преку напаѓање на Министерството и Министерот за здравство

СДСМ води кампања, која е нарачана и платена, во која треба секој ден да го напаѓаат Министерството за здравство и мене.

Ова го подвлече министерот за здравство Никола Тодоров, во гостувањето на „Од наш Агол„ на МТВ, каде со конкретни бројки направи споредба на состојбата во здравството во минатото и сето она што е направено во изминативе години.

СДСМ води кампања, која е нарачана и платена, во која треба секој ден да го напаѓаат Министерството за здравство и мене. Тоа го процениле политички. Секој ден по секоја цена тие си ја тераат нивната кампања, подвлече Тодоров.

Со тоа, подвлекува се врши и психолошки притисок и врз пациентите и се напаѓаат институциите , се креираат негативни односи и негативна енергија внатре во системот.