СДСМ: Ќе ја укинеме болничката партиципацијата

Радмила Шекеринска вели дека нема да дозволат да продолжи праксата во која болници, клиники имаат огромен недостиг на лекови.

– Тоа значи дека ќе ја укинеме болничката партиципацијата и секој граѓанин без разлика на неговата финансиска или социјална состојба да може да си дозволи болничко лекување тогаш кога му е најпотребно и тогаш кога има најголеми проблеми, Граѓаните на нашата држава мора да имаат квалитетно јавно здравство, ама тоа е невозможно ако немате доволно лекари и доволно квалитетлни лекари во јавното здравство, истакна Шекеринска .