вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 54

СДСМ ќе продолжи да продуцира дезинформации и лаги во обид да ја промени изборната волја на граѓаните

glasanje

Поврзани вести

Наместо половина милион фантоми, избирачкиот список брои околу 3.000 гласачи повеќе од изборите во 2014 година, покажуваат последните податоци на Државната изборна комисија. Во однос на последниот избирачки список од 2014 година, кога имало 1.780.128, бројот на гласачи е зголемен за околу 3.000 лица. Според владејачката партија и политичките експерти со оваа се потврдуваат дезинформациите кои опозицијата ги ширела во изминатиот период за наводни пола милиони фантомски гласачи, со цел да избегаат од избори.

Во обид да ја променат изборната волја на граѓаните, според аналитичарот Александар Пандов, СДСМ и понатаму ќе продолжи да продуцира лаги и невистини.

Како и за многу други тврдења досега на СДСМ, Заев и Сорос, така и за нивните 500.000 фантоми се докажа дека е чиста лага. Тоа го потврдија последните информации од ДИК кои покажуваат дека на избирачкиот список има  1.783.715 гласачи, односно околу 3.500 повеќе гласачи за разлика од последните избори во 2014 година. Тоа покажува и дека и понатаму раководството на СДСМ, како и во минатото ќе бараат секакви поводи и причини за бегање од избори и соочување со судот на народот. Сметам дека СДСМ и нивната платеничка соросова медиумска поддршка и понатаму ќе продолжат да продуцираат слични вакви конструкции, но со сигурност тврдам дека на 11-ти декември македонскиот народ најбрутално ќе ги кази сите овие, лаги, клевети и манипулации на СДСМ, со кои тие се обидуваат да ја искриват и да ја сменат изборната волја на граѓаните, вели Пандов за Нетпрес.

Тој посочува дека како што СДСМ лажеле за фантомите, така може да се очекува да даваат и лажни ветувања пред граѓаните за било кој нивен проект.

И од владејачката партија велат, кој еднаш лажел, ќе лаже повторно. Според членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, тоа што раководството на СДСМ измислиуваше дека на списокот имало 450.000 фантоми, па 300.000 фантоми, за на крај  да дојдат до измислени 150.000 фантоми, е срамно и потценувачки кон сите граѓани на Република Македонија.

Нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми. Има само уште една огромна лага на СДСМ. Има и луѓе кои се избришани од избирачкиот список заради нивната методологија. И тоа станува збор за луѓе коишто се јавни личности и добро познати на македонската јавност. И коишто досега имале и имаат право на глас и веројтно гласале во минатото. Она што е многу значајно да го знае секој, еден македонски граѓанин е следното: Кој еднаш лажел, ќе лаже повторно. СДСМ лажеше за по еден вработен во секое семејство, сега лаже за половина милион фантоми. Народот не сака лаги. Народот е против кризата којашто ја наметна СДСМ. На 11-ти декември народот ќе гласа против лагите на СДСМ, против кризата, против Заев и против СДСМ. На 11-ти декември народот жестоко ќе ги казни и Заев и СДСМ“, посочи на прес-конференција, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека ја прифатиле предложената методологија на СДСМ за прочитување на Избирачкиот список, бидејќи биле сигурни дека шпекулациите на опозицијата околу непостоечки гласачи биле со една и единствена цел – бегство од избори.

Се потврдија сите наводи дека СДСМ тенденциозно неосновано без никаков вистински аргумент ја држи Р.Македонија во заложништво цели две години. Се потврди дека не постоеле никакви вистински причини за бегањето на СДСМ од изборите и во април и во јуни, се потврдија како неточни и сите оние дезинформации коишто ги ширеше раководството на СДСМ за наводи половина милион фантоми во Избирачкиот список. Јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифати методологијата предложена од СДСМ за прочистување на списокот од една единствена причина, бидејќи бевме сигурни дека сите тие дезинформации со коишто излегуваа во јавноста имаат една единствена цел а тоа е да избегаат од избегаат од избори и да ги манипулираат граѓаните, вели портпаролот на партијата, Иво Котевски.

Од опозициската партија, пак, велат дека Државната изборна комисија потврдила дека во Македонија има едвај 1.500.000 гласачи, односно дека според вкрстените бази на податоци, административните проверки во МВР и теренската проверка на ДИК, комисија едногласно констатирала дека околу 33.000 се непостоечки граѓани, а околу 170.000 граѓани не живеат во Македонија.

Инаку од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентрани избори, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6.

Избирачкиот список веќе е ставен на јавен увид и ќе биде достапен до 11 ноември, секој ден од 8:30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК и во канцелариите на општините, како и електронски.

Од Државната изборна комисија апелираа, граѓаните со спорни записи кои не се пријавиле за гласање во периодот од 26 јули до 19 август, тоа да го сторат додека Избирачкиот список е на јавен увид, односно до 11-ти ноември.

Најчитани вести