СДСМ ќе организира студентски протести?

Денес на порталите блиски до СДСМ, а финансирани од фондацијата Сорос, излезе информација за организирање на некакви студентски протести по повод можноста за воведување на екстерно тестирање на факултетите, пишува Курир.

Во информациите пренесени од медиумите на СДСМ не стои ниту кој, ниту како се организираат овие т.н. протести. Медиумите на СДСМ промовираат активност која никој не ја најавил или побарал. Очигледно станува збор за иницијатива која потекнува од врвот на СДСМ, а која треба да ја спроведат порталите на СДСМ и подмладокот на таа партија.

Очигледно дека станува збор за намерна провокација, бидејќи идејата на Владата не е преточена во никаква одлука или предлог закон, туку е промовирана идеја за која Владата неколку пати потенцираше дека чека идеи, предлози и сугестии од сите засегнати страни. Зад ваквиот став застана и премиерот и Министерот за образование.

Како и до сега, со разни невладини здруженија, стечајци и слични форми, СДСМ се обидува да поттикне протести во Македонија, криејќи се зад граѓаните. Ова не е нова тактика.

Злоупотребата на студентите, во овој случај, преку пренесување на непостоечки информации и информации продуцирани во штабовите на партиите е очигледен.