СДСМ и Коалицијата предизборната кампања ја започнува вечерва од Прилеп

Караванот на СДСМ и Коалицијата предизборната кампања ја започнува вечерва од Прилеп каде што во 19:00 часот ќе се одржи централниот митинг. Претходно, во 17:30 часот ќе се одржи минитнг на Крушево.

Во вторник централниот караван е во Скопје при што ќе бидат посетени населбите Драчево и Кисела Вода, а предвиден е минтинг во општината Аеродром во 19:00 пред платото на Т.Ц. Бисер ќе се одржи митинг.

Во среда ќе се одржи митинг во Демир Хисар и централен митинг во Кичево. Во четврток ќе се одржи митинг во минитзи во Гостивар и централен митинг воТетово.

Во петок СДСМ и коалицијата ќе одржат митинг во Виница и централен митинг во Кочани. Во сабота ќе се одржи митинг во Ѓорче Петров и централен митинг во Карпош.

Првата недела завршува со средби и централен минитнг во Велес со почеток во 19:00 часот, а претходно во 17:30 часот СДСМ и коалицијата ќе одржи митинг во Свети Николе.