„Курир“: СДСМ во очај го копира ВМРО – ДПМНЕ (видео)

СДСМ во очај го копира ВМЕО – ДПМНЕ. Наместо понуда на програма со проекти и реален и автентичен концепт, СДСМ својата безидејност да подготви програма со проекти ја покрива со копирање на концепти и програми, пишува денес порталот „Курир“.

Порталот нагласува дека не е прв пат СДСМ својот недостаток на капацитет и неспособност за дефинирање на приоритети на граѓаните, за реалните проблеми и потреби да го покрива со бледо копирање на концептот на работа на ВМРО-ДПМНЕ.

Примерите за тоа се огромни и видени повеќе пати во минатото. Таков е случајот и сега.

„Курир“ нагласува дека лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев соочен со постојаните критики од јавноста и експертите дека се обидува да добие поддршка од граѓаните без програма и концепт, деновиве излезе во јавноста да претстави наводно изработен програмски документ, кој по повеќе основи воопшто не наликува на сериозна политичка понуда од партија која претендира за добивање на довербата на граѓаните.

Принципот на работа на СДСМ кој се базира на бледо копирање на начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ е видлив и во говорот на Заев при претставувањето на т.н програма. Со исти зборови и вокабулар, со копирање на начинот на работа кој е препознатлив и веќе реализиран од ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ повторно го копираат ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Курир“.

Ова, според порталот, претставува јасен доказ дека СДСМ се обидува во секоја прилика да го копира ВМРО-ДПМНЕ.

Со ваквиот копирачки почеток на најава на т.н програма на СДСМ станува повеќе од јасно дека СДСМ продолжува да тоне во својата безидејност, во својот затворен свет без реално чувство за потребите на граѓаните, без визија и без конкретна реална понуда за развој на општеството и без намера за промена на своето функционирање. Ваквиот неуспешен обид за бледа копија на веќе воспоставената политика и начин на работа на ВМРО-ДПМНЕ, за познавачите на состојбите, го претвора СДСМ на бледа копија а не автентична партија со автентична понуда и тоа многу лесно е препознато и прочитано од граѓаните. Дополнително СДСМ излегува со нереални и лажни ветувања слични на оние ако по еден вработен од секое семејство, пишува порталот.

Наспроти ваквиот копирачки начин на работа на СДСМ и неискрен однос, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реални и конкретни проекти кои значат решавање на реалните потреби на граѓаните.

Владејачката партија нуди визија за напредок на сите области и проекти кои се продолжување на континуитетот на воспоставениот програмски концепт на партијата, а не копирање на туѓ начин на работа и туѓи концепти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.