СДСМ креира Грција користи: Македонија не ги исполнувала критериумите за ЕУ

Како апсолутна вистина Грците и натаму ги претставуваат конструкциите на Зоран Заев и СДСМ, користејќи ги како аргументи во анти-македонската пропаганда. Македонија не ги исполнувала копенхашките критериуми, а легитимитетот на изборите бил сомнителен, се дел од поновите дезинформации со кои што јужниот сосед ја напаѓа нашата земја, дома и во меѓунaродните организации каде што нелегално не блокира, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

И додека за мнозинството во Европскиот парламент и во Европската комисија нема дилема за тоа дали Македонија ги исполнува критериумите за старт на преговорите, најгласни противници на позитивниот извештај и натаму остануваат македонската опозиција и соросовите медиуми од една страна и јужниот сосед од друга.

Грчкиот европратеник, Нилитос Кирикос на вчерашната дебата во Европарламентот тврдел дека Македонија не ги исполнува критериумите и дека со овогодинешниот позитивен извештај за нашата земја била направена грешка. Идентична била и пораката од неговата сонародничка, Софија Сакорафа, која што барала да се гласа против извештајот, бидејќи Македонија во последната година наводно бележела назадување на сите полиња.

Дел од грчките медиуми пак, тврдат дека објавените разговори ги ставиле под сомнеж изборните резултати, при тоа целосно занемарувајќи го тоа што Заев на средбата со премиерот Никола Груевски го призна поразот, нагласувајќи дека ирелевантно на условите, СДСМ во никој случај немаше да победи.

“Опозицијата презентираше голем број на телефонски разговори меѓу министрите од владата на Никола Груевски и други владини и партиски претставници во периодот на изборите во земјата, од кои што произлегуваат сериозни неправилности во водењето на изборите, што фрла сомнеж врз нивната легитимност”, се вели во текстот на весникот „Та Неа“.

Дел од медиумите во Грција и натаму ја форсираат тезата дека прислушувањето го спроведувале премиерот Груевски и директорот на ДБК, Сашо Мијалков, иако соработниците на Заев веќе ја признаа соработката со странски тајни служби, а истото го стори и тој на средбата во владата.

“Досиејата со разговорите му се доставени на Заев од страна на лица обучени во ДБК кои што се спротиставиле на учеството во оваа криминална активност на владата”, коментира порталот „Тилеграфима“ во извештајот од последниот собир на СДСМ во Универзална сала.

Во грчките медиуми не остана незабележан ниту обидот на Заев и останатите опозиционери за груб притисок и мешање во работата на судството и медиумите, преку барањата за оставка на јавниот обвинител и раководството на МРТ и сериозните закани упатени на нивна адреса. И покрај се,  јужниот сосед и македонската опозиција во континуитет изразуваат наводна загриженост за слободата на медиумите и независноста на судството во Македонија.