СДСМ купува време додека државата трпи штета

Пратениците на Социјалдемократскиот сојуз потребно е да присуствуваат на пленарна седница и доколку сакаат на тој начин да си дадат оставки од пратеничките мандати. За ваквата постапка ништо не ги спречува.

Партијата викендов ги разгледуваше можните чекори со кои ќе може да се ефектуира партиската одлука за откажување од мандатите на нивните пратеници. Засега, СДСМ не прецизира како ќе постапуваат во иднина и остануваат без одговор кога ќе ги депонираат оставките, кои засега се чуваат во партиската централа.

Изјавите дека насила се држени во парламентот, според експертите се несериозни.

Правниците истакнуваат дека процедурите за поднесување оставка се јасни. И поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новакоски, кој беше кадар на СДСМ, вели дека пратениците од СДСМ чии мандати се верификувани треба да се појават во Собранието и доколку сакаат таму да си поднесат оставки.

„Ние имаме системи каде мандатот се враќа до ДИК, кај нас не. Кај нас се враќа до Собрание. Овој термин ’неприфаќање на мандат’ е многу редок термин. Има земји каде не може да се врати мандат. Во нашето законодавство тој термин го нема и строго е предвидено, затоа јас тоа го сметам за преседан, предвидено е дека треба да се даде оставка. Кај нас беше толку строго да оставката мораше и лично на седница да ја даде пратеникот“, објасни Новаковски пред една недела.

Владејачката ВМРО ДПМНЕ се зачудени од ваквото однесување на опозицијата и велат дека со ваквите постапки СДСМ прави голема штета на државата и дури може да резултира со одземање на препораката за почеток на преговори од Европската Комисија токму поради, како што велат од партијата, неодговорното однесување на Социјалдемократите.

Ако СДСМ веќе одлучиле да се одат од Собрание, велат од ВМРО ДПМНЕ, има процедури и законски постапки како тоа може да се направи.

Експертите кои во изминатиов период често анализираа на оваа тема велат дека Социјалдемократите користат секакви трикови што подолго да остане ваквата статус кво ситуација за да се одржува внатрепартиски мир, додека пратениците ќе си земат плати, а претходни апанажи.

Оценките се дека останување на СДСМ надвор од Собранието е лошо за државата и експертите се децидни ќе биде нанесена огромна штета на меѓународните позиции и државните интереси, а корист ќе имаат само оние кои сакаат Македонија да биде блокирана на патот кон евроатлантска интеграција.