СДСМ: „Курир“ по наредба ги вади од контекст речениците на Заев

Очигледно Никола Груевски не сака да ги чуе суштинските работи кои ги искажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за „Алсат-М“ телевизија.

Затоа провладниот „Курир“ добил наредба да вади од контекст.

Еве кој дел од одговорот на прашањето на Претседателот Заев во интервјуто за „Алст-М го скрати „Курир“:
„Дополнително, изгубената доверба во институциите , тешката економска состојба, толку ги има раздразнето чувствата на сите етнички заедници“

Власта не сака да слушне за изгубената довербата на граѓаните во партизираните институции, ниту пак за тешката економска состојба.

Најголемата одговорност за состојбите во државата е на Никола Груевски кој со политиките на штета на сите граѓани во државата 9 годинин се одржува на власт.

Ваквиот начин на постапување на провладините медиуми не е информирање туку пропаганда. Ова е класичен пример на злоупотреба на медиумите од страна на власта. Уште еден доказ на крајно лошите оценки за состојбите со медиумте во Македонија.