вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

СДСМ манипулира со Избирачкиот список заради страв од изборите

sdsm

Поврзани вести

СДСМ продолжува со манипулациите за избирачкиот список, поради страв од изборите. Експертската, но и целокупната јавност знае дека за избирачкиот список како основа се зема регистарот на државјани, а не базата на жители. Кога бројот на гласачи се следи од овој аспект, тогаш тој број не отскокнува од процентот на избирачи во која било земја, анализира Сител.

Апсурдноста на тезите и нападите на СДСМ најдобро се гледа доколку се земе во предвид дека во регистарот на државјани има 2,4 милиони лица, од кои 1.804.644 се со право на глас.

Според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија има 2.067.471 жители, но тоа нема никакво влијание на бројот на државјани, бидејќи избирачите своето право да бидат на избирачкиот список според Уставот и законите на РМ го добиваат од своето државјанство, а не од тоа каде живеат.

Доколку се направи подетална анализа на избирачкиот список, лесно се утврдува дека тој највеќе се зголемува токму во времето на СДСМ.

За време на владеење на СДСМ за 4 години  од  2002-2006, бројот на гласачи се зголемил за 77.153 гласачи, односно 19.288 годишно. За време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ за 8 години од  2006-2014 бројот на гласачи се зголемил за 38.679 гласачи, или 4835 годишно.

Сепак, деновиве СДСМ поведе широка кампања прогласувајќи ги како фантоми сите граѓани кои не живеат во населени места уредени со системот на адреси. Таков пример беше веста пласирана од весникот Фокус, дека пратеничката Даниела Рангелова е регистрирана за гласање и во скопски Центар но и во општина Брвеница.

Демантирана беше и информацијата на дополнителниот министер за земјоделство од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски, кој што обвини дека на Ул Карарорман во Битола биле регистрирани 320 гласачи на ист број.

Според експертите, последните анализи на јавното мислење кои покажуваат дека опозицијата од ден во ден има се помалку поддржувачи меѓу граѓаните, се гланата причина за страв во опозициските редови и барање нови аргументи за бегство од изборите.

Најчитани вести