СДСМ манипулира со наследен имот простран на голема далечина од центарот на Студенчишко блато

Делот од креираните материјали кој денес СДСМ ги објави, а се однесуваа на земјиштето на брегот до Охридското езеро кое се нарекува Студенчишко блато, и обвинувањата за наводно кратење и прекројување на имотите поради личен интерес на функционери од власта посочувајќи го името на Мартин Протоѓер, е класична лага и невистина.

Имено уште еднаш се докажа дека СДСМ пушта одредени разговори кои ги толкува во манипулативен и невистинит контекст кој само нив им одговара, а кој е далеку од очигледната вистина.

Дознаваме дека имотот за кој денес Томислав Тунтев говореше, семејството на Мартин Протоѓер го наследиле од претходни генерации на прадедовци. Таквиот наследен имот Протоѓер уредно го пријавил до надлежните институции што укажува дека не се работи за никаков сокриен имот или пак за имот кој бил стекнат на било каков незаконски начин, пишува Курир.

СДСМ со цел да ја засили манипулацијата кажа дека имотот се наоѓа во Студенчишко блато, но вистината е дека тој е десетина километри одалечен од центарот на оваа месност, поточно на работ кој што излегува на самиот пат кој води кон плажите во Охрид. Ваквиот имот пред петнаесетина години бил и поделен со изградбата на патот во функција на негова реализација. Во однос на било какви идни активности поврзани со овој простор дознаваме дека ќе се постапува во согласност со сите законски и еколошки стандарди.

Очигледна е тенденцијата на СДСМ да пушта креирани, сечени, лепени и прелепувани, монтирани материјали кои самите по себе не докажуваат ништо.  Затоа е потребата да се одредува наратив, да се раскажуваат и прераскажуваат со цел да може да се манипулира, злоупотребува и да се  прикажуваат во одреден неточен контекст.