СДСМ: Миноски нема да биде поштеден од одговороност

Министерот за финансии, Миноски е упорен во намерата да биде камиказа за македонската економија. Новиот послушник на Груевски, со мандат од помалку од 1 месец, упорно сака да го зголеми јавниот долг и да ги задолжи граѓаните за 650 милиони евра, без камати, посочуваат од СДСМ.

Миноски се води по девизата ученикот да го надмине учителот во брзината на зголемување на задолжувањето, на штета на граѓаните!Со ова најавено задолжување, јавниот долг и официјално ќе помине ниво од 5 милјарди евра и вртоглаво ќе скокне на 54% од БДП! Ова високо ниво на јавен долг, ги поминува дури и сите таргети коишто ги остави Ставрески, со трошење за чоколадо кога граѓаните немат за леб.
Ставрески очигледно со причина се пушти од орото и го напушти бродот што тоне, а и Богов срамежливо се повлекува на страна од лудилото на задолжувања. На Миноски му требаа 3 дена за да воопшто се запознае со законот за јавен долг. Како што го манипулираа со ребалансот, сега оние што го убедуваат да стави криминален потпис му подметнуваат соопштенија со кои министерот изгледа смешно пред домашната и меѓународната јавност, стои во соопштението на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.