СДСМ молчи за случајот со поткупот, Заев параноично ја бара сламката за спас

Веќе една недела СДСМ молчи по однос на случајот за кој е осомничен Зоран Заев поради примање поткуп во висина од 200.000 евра, објави Курир.

Јавноста се уште не доби одговор од опозициската партија на главното прашање, зошто лидерот на СДСМ чекал една ипол година за да го пријави струмичкиот бизнисмен, откако тој во декември 2013-та пријавил дека Заев му барал поткуп. Повторно останува отворено прашањето зошто Заев, ако е вистина дека некој му нудел поткуп, чекал повеќе од една година за да го пријави случајот.

Потврда дека Заев манипулира е и самиот факт дека пријавата ја поднесува откако е осомничен за примање поткуп, што е потег кој голем дел од аналитичарите го гледаат како сламка за која Заев се обидува да се фати. Сепак, извори од истрагата велат дека постојат непобитни и силни докази за одговорноста на Заев во овој случај. Според нив, доказите се толку цврсти што кога ќе бидат обзнанети во текот на постапката ќе предизивикаат срам и кај најтврдокорните поддржувачи на опозицијата.

Најверојатно свесен на ваквите докази, Заев се обидува да ја дефокусира јавноста и вниманието да го сврти кон креираните материјали, но не успева да ја покрие нервозата која се забележува во неговото однесување. Токму за однесувањето на Заев коментираат и извори од „Бихаќка“ кои велат дека нивниот партиски лидер во последниот период се однесува чудно. Истите извори откриваат дека  кај Заев се забележуваат голема нервоза и параноично однесување кои нивниот лидер не успевал да ги сокрие.

Извори од СДСМ велат дека во напливот на нервозното однесување, не се изоставени повишувања на тонот, како и навреди кои Заев ги упатувал кон најблиските соработници. Очигледно свесен за доказите против него, Заев параноично ја бара сламката за спас.