СДСМ мора да научи дека Влада може да формира само ако добие поддршка од граѓаните

Медиумите блиски до опозицијата изминатиов период објавуваа текстови во кои велат дека техничка влада ќе биде договорена и во неа Груевски нема да биде премиер, а дел од клучните министерства ќе ги добијат лица на СДСМ.

Во текот на овој ден медиумите на СДСМ пишуваат дека ќе биде формирана егзикутивна комисија која би функционирала како Влада, пишува „Курир“.

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за оваа тема истакна дека не може да даде ниту сериозен одговор за да не го сфатат погрешно.

-Она што можам да го кажам е дека СДСМ мора да научи дека не може да биде ниту премиер ниту министри, се додека не ја добие довербата од народот на избори. Само тогаш ќе може да се формира Влада со свој премиер и министри, но ќе мора да добие поддршка од граѓаните, истакна Груевски.

Премиерот истакна дека единствено народот одлучува за тоа кој ќе управува на избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.