СДСМ му се заканува екс претседателот на ДИК од редовите на СДСМ

новаковски

Јас кажав и пред три месеци, и пред шест месеци и минатата година, дека ова ќе се случува. Но, со оглед дека се што укажав пред една година, се случи, и некому очигледно не му одговара, никој од мене нема да добие изјава каква што посакува, вели за „Република“ Новаковски, експретседателот на ДИК од редовите на СДСМ. Мене ми се заканувале и во ДИК кога бев, ама јас не се плашам кога ми се закануваат. Јас сум адвокат и ќе си го заштитам своето право. А сега ми се закануваат кај ќе стигнат по вчерашната изјава за „Република“, зошто се бара графолошко вештачење ако тој глас не влијае на изборниот резултат, додава Новаковски.

Јас не сум престедател на ДИК, јас сум адвокат и гледам да бидам кооперативен со сите медиумски куќи. Со оглед на состојбата во државата, секој се дрзнува да ми прети, но мојот став ќе остане до крај доследен. Јас не се плашам,  мојот став ќе остане доследен, врз основа на моето искуство од 2002 до 2011 година. Во ниеден момент не сум вклучен ниту како експерт ниту како партиски претставник во ниедна ситуација, орган или невладина организација. Да престанат да ме шпекулираат- порачува Александар Новаковски за „Република“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.