СДСМ на Косово се пофали дека Албанците победиле на изборите (ВИДЕО)

Според СДСМ, доколку Албанците не излезеле во толкaв број да гласаат за Заев, тогаш Никола Груевски ќе освоел над 60 пратеници.

-Се случи феномен, Албанците се најголемите добитници на изборите во Македонија. Кога велам така, велам затоа што Албанците испишаа историја. Доколку не беа Албанците кои што гласаа за опцијата за СДСМ, денеска Груевски и неговата партија која е позната како националистичка ќе имаа над 60 пратеници. Затоа од таа причина Албанците покажаа и напишаа историја и покажаа дека се посвесни од поголемиот дел на македонскиот народ тука во оваа држава, вели Зекири.

Со ова се потврдуваат тезите за заобиколување на волјата на македонскиот народ благодарение на контингенти албански гласови кои легнаа на контото на СДСМ на овие избори. Претпоставката е дека околу 70.000 гласови во етнички средини каде живеат исклучиво Албанци, или пак тие се доминантни, доби СДСМ.

Во Ара­чи­но­во СДСМ на­бро­ја 2.052 гла­са, нас­про­ти, за спо­ред­ба, 1.456 за ДУИ или 794 гла­са за Бе­са. СДСМ и Бе­са до­ми­ни­ра­ат во Са­рај; СДСМ со 2.973 гла­са, а БЕ­СА со 3.300 гла­са. Сту­де­ни­ча­ни ис­по­ра­ча 2.515 гла­со­ви за СДСМ, до­де­ка за Бе­са од­вои 2.024. СДСМ во Лип­ко­во нап­ла­ти 773 гла­са. Ду­ри и во Ча­ир, до­мот на Бе­са, бе­са­та на За­ев до­би 4.299 гла­са, пред Бе­са со 3.183 и ДУИ со 2.645 гла­са. И Ди­во На­се­ље, упо­ри­ште­то на те­ро­ри­стич­ка­та гру­па со исти це­ли, го да­де гла­сот за ка­у­за­та на За­ев. Ис­по­ра­ча­ни се гла­со­ви­те и во Брест, Го­шин­це, Слуп­ча­не, на гра­ни­ца­та со Ко­со­во, од ка­де што и се ве­ли де­ка се ра­ко­во­де­ло ова из­бор­но ин­же­нерс­тво пре­ку ко­сов­ско­то под­зем­је. Се­то на­бро­е­но на кон­то­то на СДСМ ис­по­ра­ча нај­мал­ку осум пра­те­ни­ци, во за­ме­на за пре­и­ме­ну­ва­ње, кан­то­ни­за­ци­ја, дво­ја­зич­ност, бу­џет­ска рас­пре­дел­ба, кон­сен­зу­ал­ност, по­ли­ции и вра­бо­ту­ва­ња по ет­нич­ки клуч и што ли уште не.

zeki-3

zeki-2

zeki-1

Со ваквиот настап на СДСМ, станува јасно дека волјата на огромно мнозинство Mакедонци и припадници на останатите етнички заедници е идната влада да биде предводена од ВМРО ДПМНЕ. Доколку се тргне настрана контингентот од 70.000 албански гласови на контото на СДСМ, тогаш разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изнесува огромни 90.000 гласа, или повеќе од разликата на изборите во 2011 година.

Сега СДСМ се труди и преку дополнителен постизборен инженеринг со гласови, сосема да ја заобиколи волјата на мнозинството и гласот на мнозинството Македонци, воопшто да не одлучува за иднината на Македонија. Останува отворено прашањето кол­ку цр­ни ми­ли­о­ни евра чи­нат гла­со­ви­те во Са­рај, Ара­чи­но­во, Брест, Та­ну­шев­ци? Исти­те овие акту­ел­ни „ба­сти­о­ни на СДСМ“ се за­пи­ша­ни во ко­ле­ктив­на­та ма­ке­дон­ска ме­мо­ри­ја ка­ко упо­ри­шта на бор­ци­те за от­це­пу­ва­ње.

Му­ха­мед Зе­ки­ри ги отво­ри кар­ти­те де­ка тој не бил „слу­чај­но во СДСМ“, од­нос­но де­ка не за џа­бе аги­ти­ра­ше и ка­ко но­ви­нар по ме­ди­у­ми­те, а по­тоа ка­ко пар­ти­ски член ги ор­га­ни­зи­ра­ше ал­бан­ски­те се­ла. Мо­ра да се ис­по­ра­ча ве­те­но­то и пла­те­но­то за под­др­шка­та од 70.000 гла­са. Об­вр­ска на Зе­ки­ри во ова из­бор­но ин­же­нерс­тво беа кон­та­кти­те и пре­не­су­ва­ње­то по­ра­ки, ме­ѓу дру­го­то, и со ко­сов­ско­то под­зем­је, со лу­ѓе со де­бе­ли до­си­е­ја и вр­ски со те­ро­ри­стич­ки гру­пи кои дејс­тву­ваа и во Ма­ке­до­ни­ја, во Брест и во Ди­во На­се­ље; ме­ста­та со та­зе са­мо­о­све­сте­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Тие се­га се на коп­че, акти­ви­ра­ни, пред, за вре­ме и по из­бо­ри­те.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.