„Пресс24“: СДСМ на преговарачка маса призна дека лажно го обвинувале ВМРО-ДПМНЕ за кражба на гласови

Околу 90% од гласачите кои СДСМ ги изнесе како спорни на преговорите не се Македонци, туку Албанци и припадници на другите етнички групи, а 80% од нив според адресите се ригистрирани во 6-тата изборна единица, пишува „Пресс24“.

Како што пишува порталот, повикувајќи се на сопствени извори од преговорите, ваквиот настап на СДСМ ги оставил во зачуденост сите присутни кои почнале гласно да коментираат дека е тоа доказ за сите лажни обвинувања дека ВМРО ДПМНЕ украло 200.000 гласови, колку што беше разликата со СДСМ на последните парламентарни избори.

Овие околу 150.000 гласачи кои се спорни за СДСМ повеќе од очигледно е дека не отишле на сметка на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партијата во Тетово, Гостивар и останатите општини во 6 изборна единица освои четири мандати или околу 26.000 гласа, пишува порталот.

Според изворите на порталот, признавањето на лагите околу оправдувањата за последниот изборен пораз наишло на потсмев, но и разочараност заради изгубеното време, па дури и меѓународните претставници станале упорни да се прифати разумна методологија за враќање на довербата во избирачкиот список.

Според извори на Пресс 24, СДСМ под притисок на меѓународните претставници сега отстапува од ирационалните идеи за бришење избирачи и размислува за разумни решенија со кои ќе може да кажат дека избирачкиот список е прочистен и ќе го проголтаат срамот за искажаните лаги во изминатиот период.

Со предлозите кои се на маса дефакто нема да има драстични измени, освен што ќе се зголеми бројот на македонски граѓани кои живеат во странство што ќе бидат обележани со ѕвездичка. Овие гласачи, главно Албанци од шестата изборна единица, ќе треба да кажат дали би сакале да гласаат дома, во Тетово или Гостивар, или пак во странство, пишува порталот и додава дека на состанокот дури имало и цинични забелешки дека да биле СДСМ во право за лажните обвинувања за изборна кражба, тогаш ВМРО-ДПМНЕ, според нивните аргументи ќе имал околу 15 пратеници, a двете партии на Албанците би имале 4 пратеника.