СДСМ наголемо се подготвува за насилниот протест, закани стигнуваат и до медиумите

Се ближи 17-ти мај, денот за кога е најавен протестот на опозициската СДСМ, за кој досега беа објавени дузина информации дека ќе биде насилен. На само три дена пред закажаниот протест, голем број медиуми и познати личности, кои размислуваат различно од опозицијата почнаа да добиваат директни закани за насилство.

Во јавноста се шушка дека протестот во никој случај нема да биде мирен и достоинствен, како што велат опозиционерите, туку дека во поголемите скопски општини можна е ескалација на ситуацијата и спроведување докрај на крвавото сценарио на опозицијата. Се очекуваат насилства во Чаир, Ѓорче Петров, Гази баба, како и во трговските центри во главниот град на државата.

Нетпрес веќе пишуваше дека насилните протести од 5-ти мај пред Владата на Република Македонија во кои беа повредени околу 40 припадници на полицијата требаше да послужат како генерална проба за големиот протест најавен за 17 – ти мај, а тоа и лично го најавија преку медиумите неколкумина припадници на опозицијата.

Првично, големиот протест на СДСМ беше закажан за 9-ти мај (денот кога се случи терористичкиот напад во Куманово), но потоа беше презакажан за 17 –ти. Во рамки на изминатите прес-конференции на „Бихаќка“ лидерот на СДСМ, Заев во неколку наврати беше прашан за големиот протест кој го најавуваше опозицијата. Јавноста сеуште ја памети неговата изјава од 28-ми април годинава, кога тој најави „невиден протест, во кој гневот ќе се истури по улиците“.

– Во мај ќе има голем досега невиден протест на граѓаните на Македонија. А, кога ќе се одржи тој протест, за тоа ќе одлучат граѓаните. Ние заедно со нив ќе одлучиме. Според кое сценарио, како ќе изгледа тој протест, тоа не е паметно сега да го кажуваме, не треба сценариото сега да го откриваме. Ќе се консултираме со народот. Гневот расте. Гневот ќе се истури по улиците во главниот град. Но, тоа нема да биде обичен протест, да дојдеме, да си го кажеме своето и да си одиме. Овојпат нема да си одиме додека оваа власт не си замине, рече Заев.

Според извори на Нетпрес, цел на опозцицијата е да собере што е можно поголем број свои членови и приврзаници од цела Македонија и да ги донесе во Скопје. Ако автобусите на каков било начин бидат спречени да стигнат во главниот град, тогаш нивните членови и приврзаници имаат наредба да го продолжат патот пеш до „стратешкото место“, во главниот град.

Лица од СДСМ, деновиве, имале задача да го мобилизират своето членство, со закана дека мора да се појави на протестот. Не не се прифаќал како одговор.

На протестот пред Владата, Заев планира да собере најмалку 25.000 граѓани, бидејќи нивните партиски проценки биле дека полицијата може да разбие до 20.000 демонстранти.

Се планира демонстрантите насилно да влезат во Владата, а доколку членството на ВМРО-ДПМНЕ излезе на контрапротести, опозицијата е подготвена да има судири и по цена на повредени, па дури и на човечки жртви.

Закани и за медиумите

Покрај тоа што неколку дена пред насилниот протест на СДСМ закани добиваат голем број личности што не размислуваат исто како опозиционерите, закани стигнуваат и до медиумите и тоа до оние што според лидерот на опозиционерите се „непрофесионални“, односно партиски.

Закана стигна и до Нетпрес. До нашата редакција стигнаа закани дека за време на насилниот протест на 17-ти мај, ќе ни бидат искршени просториите.

Само за потсетување, вакво нешто веќе беше видено и за време на генералната проба, односно на насилните протести пред Владата. На 5-ти мај „борците за демократија и слобода на медиуми“, кои се редовно на сите протести кои ги организира опозицијата, ги вандализираа и просториите  на „Радио Слободна Македонија“ и неделникот „Република“.

rsm1

Следниот ден на насилните протести пред Собранието, беше нападната и главната и одговорна уредничка на весникот „Вечер“ Ивона Талевска, како и двајца камермани на телевизијата „Сител“.

Исто така, истата вечер жртва на дивеењето на хулиганите на опозицијата беше и фоторепортерка на Македонската информативна агенција.

Заев сака да ја прескокне волјата на народот со граѓанска војна

Колку сме поблиску до „Денот Д“ се појасна станува целта која ја остваруваат СДСМ и СОРОС, а тоа е дестабилизација на Македонија и создавање на граѓанска војна. Заев на овој начин сака да ја прескокне волјата на народот и да дојде на власт без избори, а за таа цел е подготвен да направи буквално се.

Колку опозицијата и нејзините главни пулени се подготвени за насилство и немири сведочат бројни нивни настапи и чекори.

Во Скајп комуникацијата меѓу Зоран Верушевски и уште еден уапсен за „Пуч“, јасно беше наведено дека се подготвува граѓанска војна.

sitel

Еден ден по насилните протести пред Владата Сашо Ордановски повикуваше на крв по улиците, Бранко Героски бараше ескалација на состојбата, а во својата колумна Фрчкоски посакуваше Македонците да се испоубијат меѓу себе само за да може да се предизвика реакција на меѓународниот фактор.

Во прилог на ова тврдење оди и фактот дека Заев намерно тактизира и со прислушуваните монтирани разговори. Како што најави и на самиот почеток секоја „бомба“ ќе биде со различен интензитет, па така најсилните или најаразорните „бомби“, онаа за Смилковското езеро и онаа за името ги чува за крај.

Целта најверојатно е на тој начин да се создаде уште поголема тензија и да се оствари неговото мрачно сценарио – гневот да се истури на улиците.